Ferrari по празен автопат со 372 km/h и со една рака

Возач на Ferrari LaFerrari ги искористи празните автопатишта, за автомобилот со близу 1.000 КС да го вози со крајната брзина. Сцената не се одушеви особено од овој „потфат“, додека возачот го држи воланот со една рака, а со другата снима.

Сообраќајот по автопатиштата веќе одамна не е со истиот обем како порано. Причината за тоа секако дека е пандемијата од корона. Некои возачи сепак се одважуваат и ги користат празните патишта за да притиснат до крај. Неодамна имаше случај кога еден сé уште анонимен возач се „досети“ да го извози Кенонбол, од источниот до западниот брег на САД. На крајот му следеше огромно разочарување, откако целата сцена искажа осуда за идејата да се поставуваат рекорди додека владее пандемија.

Сличен обид пред неколку денови се појави на социјалните мрежи. Возач на Ferrari LaFerrari се снимал додека вози со далеку над 350 километри на час по германскиот аутобан. Се претпоставува дека возењето е направено за време на католичкиот Велигден. Хиперспортскиот автомобил со 963 КС јури во правецот Хановер-Гетинген. Кога брзиномерот покажува над 300 km/h, менувачот префрлува во седмиот степен и LaFerrari продолжува да забрзува. За овој болид што е произведен во само 499 примероци, Маранело наведува само дека брзината е над 350 километри на час. Тоа „над“, се гледа на снимката и изнесува 372 километри на час.

Ризик по сопствениот и по туѓите животи заради снимка од брзономерот

Познато е дека на повеќето делници по германскиот аутобан не постојат брзински ограничувања, што е случај и на овој правец, но да се вози со речиси 400 километри на час и притоа воланот да се држи со една рака, додека со другата се снима „подвигот“, тоа е за секаква осуда.

Фактот што возачот за сето ова време наидува на само пет возила по патот, не менува ништо. Вистинската возачка умешност и вистинската моќ на машината се покажуваат само на места што посебно се изградени за тоа и се нарекуваат тркачка патека. 

Audi A8 извозе рекорд низ САД среде хаосот од корона

Претходна објаваВо Абу Даби почнаа да возат 99 автобуси Mercedes Citaro
Следна објаваMercedes 500E на Мистер Бин се продаде за 27.540 фунти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here