Непријатни вести за љубителите на спортските модели на Ford. Верзијата ST од актуелната генерација на Ford Focus ќе остане како врв во спортската понуда. Екстремната изведба RS е преголем залак за Ford во моментов.
Сите генерации на Ford Focus од почетокот на милениумов досега, ја имаа верзијата RS на врвот во понудата. Тоа беше само достојно продолжување на традицијата од претходникот Escort, кој и самиот имаше неколку верзии RS во својата богата традиција.
Актуелната генерација на Ford Focus веќе ја има изведбата ST, но сцената и бројните љубители со нетрпение ја очекуваат верзијата RS. Тоа, за жал, нема да се случи. Ford цени дека повеќе не постои финансиска основа да се реализира развојот и производството на таков екстремен автомобил.
Американскиот производител веќе се соочува со големи потешкотии да ги исполни строгите норми за издувни гасови на ЕУ со постоечката понуда од модели. Додавањето на Focus RS во понудата само ќе донесе проблеми. Уште во почетокот на годинава почнаа да се шират гласините дека Ford ќе се откаже од RS. Преоѓањето на хибриден погон пак нема да го реши проблемот.
https://www.instagram.com/p/B_CyNouhTV9/
















