Возачите на Skoda Scala и Kamiq сакаат тркачки сина и кварцно сива

skoda scala најпопуларни бои автомобили
skoda scala најпопуларни бои автомобили

Најголемиот дел од возачките и возачите избираат тркачки сина металик боја за Skoda Scala, додека кај кросоверот Kamiq тоа е кварцно сивата металик боја.

Skoda ја збогати понудата од модели во компакт класата со воведувањето на Scala и Kamiq лани. Двата модели имаат различни целни групи, а тоа значи дека се разликува и изборот на бои. Тркачки сината металик боја е омилена кај Scala, со удел од 17,4 проценти од произведени автомобили лани, додека кај кросоверот Kamiq најчесто се избира кварцно сива металик боја, чијшто удел изнесува 15,5 проценти.

Втора најпопуларна боја кај Kamiq e црна со бисерен ефект (13,6%), следи бела со бисерен ефект и удел од 12,2 проценти. Тоа е во согласност со општиот тренд на европскиот пазар. Возачките и возачите во Европа лани првпат се решавале најмногу за нијансите на сивата боја (24%), па дури потоа за белата боја (23%).

skoda kamiq pretpremiera

Сосем е различен изборот кај Scala. Двата бели тонови се најпопуларни со 22,0 проценти, со незначителна предност пред трите понудени сини тонови со 21,4 проценти и сивата со 20,9 проценти. Во светски рамки, белата и натаму е најпопуларна боја со 38 проценти, додека во Азија таа постигнува удел од дури 49 проценти.

Лакот на автомобилите се состои од пет слоеви

Лакот на возилата на Skoda се состои од пет различни слоеви и вкпната дебелина изнесува 0,1 милиметар. Само слојот боја е дебел 20 микрометри или 0,02 милиметри и истиот се нанесува со помош на роботи, како четврти слој. На бојата претходат фосфатен слој, заштита од корозија од синтетски материјал и основна бојоа.

Завршниот слој е проѕирен лак со дебелина од 30 микрометри, кој каросеријата ја „обложува“ целосно за само 37 секунди. Skoda го нанесува проѕирниот лак побрзо од сите марки во концернот Volkswagen. Тоа е сосем за очекување, затоа што лакирницата во Млада Болеслав беше опремена од ново лани и претставува најмодерна постројка од таков вид во Европа. Од претходно 168.000 возила годишно, нејзиниот капацитет сега е зголемен на дури 812.000 возила годишно.

Порше Македонија ги презема возилата за сервис од дома

Претходна објаваToyota за јапонскиот пазар има RAV4 со изглед на RX
Следна објаваPorsche ќе чека уште една недела до продолжувањето со производство

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here