Multipla уште е инспирација во Кина и вози на струја

baojun електричен автомобил Кина
baojun електричен автомобил Кина

Стилот на легендарната Fiat Multipla уште е неодолив за кинеските дизајнери. Реномиран производител оттаму претстави малечок електричен автомобил, чијшто дизајн неоспорно е инспириран од италијанскиот ван.

Кинеските возачки и возачи имаат нов вид автомобили за обожување. Тоа се микро-автомобили со погон на струја. Светски познатиот производител Baojun откри неколку детали за градскиот електромобил што наскоро ќе стартува со продажба во земјата.

Baojun уште кон крајот на минатата година ја најави „коцката“ на батерии, прикажувајќи го детално изгледот на моделот, којшто е спој меѓу стилот на Multipla со димензиите и концептот на Smart. Сега се дознаваат и неколку детали околу перформансите и внатрешноста на E300. Кабината дури изгледа мошне интересно, особено кога ќе се земе предвид дека има место за четворица патници. Но, за толку простор треба да се избере втората изведба, којашто се води како E300 Plus. Стандардната изведба има две или три седишта.

Што се однесува до перформансите, Baojun само наведува дека досегот на E300 ќе зинесува околу 260 километри според старата норма. Тоа значи дека во реални услови, може да се очекува барем половина од тој досег. Втората изведба, со додаток Plus, ќе има и поголема батерија, па и подолг досег, до 305 километри. Продажбата на E300 ќе стартува во текот на годинава. Моделот ќе им се придружи на постоечките E100 и E200, кои се дури и помали во моделската хиерархија.

Baojun е автомобилска марка што е произлезена од соработката меѓу американскиот General Motors и домашниот SAIC.

https://photos.app.goo.gl/hDit7d8haZAifAZV9

https://photos.app.goo.gl/fgzdMJiCh6qfhYGJ9

 

Претходна објаваВо Грац се врати производството на Mercedes G-Class
Следна објаваKia го пушти салонот во Скопје во виртуелна реалност

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here