Роботски комбиња превезуваат тестови за Ковид во клиниката Мејо

Роботски комбиња превезуваат тестови за Ковид во клиниката Мејо
Роботски комбиња превезуваат тестови за Ковид во клиниката Мејо

Комбиња без возач врват неуморно во кругот на клиниката Мејо во Флорида, превезувајќи тестови за Ковид-19, од станицата за земање примерок до лабораторијата за анализа.

Возила со технологија за автономно возење се користат во кругот на познатата клиника Мејо на Флорида, преземајќи ги примероците од станицата каде што примероците се оставаат директно од автомобил, до лабораторијата за анализа. Постапката беше воведена на 30-ти март и вклучува четири автономни возила, во коишто возач е непотребен.

На овој начин се забрзува земањето примероци за тестирање, а во исто време се овозможува и поголема заштита од инфекција на вработените. Процедурата се состои во тоа што вработените ги поставуваат китовите за тестирање во безбеден контејнер, а потоа и во роботското возило. Тоа се движи по посебна патека, на којашто е забрането движење на пешаци, на возила и на персоналот. На безбедно растојание, роботското возило го следи друго возило. Растојанието е долго околу 1,3 километар. Роботското возило со придружбата ја минува оваа рута меѓу пет и шест пати во денот.

Со оваа примена на вештачката интелигенција се заштитуваат вработените и во исто време се овозможува тие целосно да се посветат на лекувањето и грижата на пациентите. Возилата се обезбедени од неколку стартап-компании, кои започнаа да тестираат технологијата во 2017 година и и чијшто возила се користат на повеќе места.

Роботското такси Waymo со нова инвестиција од 2,25 млрд. $

General Motors претстави роботско такси, без волан, без педали

Самовозечки минибуси за студентите во Франкфурт

 

Претходна објаваНиз салоните за автомобили, виртуелно
Следна објаваAudi A8 извозе рекорд низ САД среде хаосот од корона

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here