Rolls-Royce ја охрабрува новата генерација идни дизајнери да ги преточи своите автомобилски соништа во реалност, преку Young Designer Competition. Акцијата има за цел да ги анимира родителите и децата, во времето што го минуваат во домот поради пандемијата од корона. Во натпреварот можат да учествуваат младите дизајнери до возраст од 16 години, кои британската марка ги поканува да го дизајнираат својот Rolls-Royce од соништата.
Натпреварот се одржува редовно секоја година за вработените во Rolls-Royce, во одбележувањето на денот на семејството. Овој натпревар сега добива пошироки рамки и излегува од седиштето на англиската луксузна марка во Гудвуд.
Предизвикот важи за целиот свет и има за цел да го стимулира талентот за дизајн, да инспирира достигнување повисоки цели, и секако, да го скуси времето што го минуваме во домовите во кризата од корона.
Тимот дизајнери на Rolls-Royce ќе ги оценуваат добиените дизајни и ќе го изберат победникот, кој за награда ќе добие врвно рендерирана илустрација на својот дизајн. Меѓу локалните учесници, најсреќниот ќе добие возење во Rolls-Royce Phantom со шоферска служба, во првиот ден откако повторно ќе се отворат училиштата, заедно со најдобриот пријател. Финалистите ќе добијат сертификат, потпишан лично од Торстен Милер-Отвос, извршен директор на Rolls-Royce Motor Cars.
Поднесувањето на дизајнерските креации на младите трае до 18-ти мај.
Пријавувањето е преку веб-страницата http://rolls-royceyoungdesignercompetition.com/
https://www.instagram.com/p/B-w4oTSJlzB/
















