Сара Сигмундсдотир стана амбасадорка на спортската марка на Volkswagen во светски рамки. Убавата и несомнено моќна дама пристига од Исланд и како ѕвезда во крос-фит претставува совршен спој меѓу перформанси и подготвеност за сите предизвици.
Една од најуспешните кросфит-атлетичарки во светот, Сара Сигмундсдотир, стана заштитно лице на Volkswagen R. Исланѓанката четирипати победуваше во Отвореното првенство во крос-фит, во 2015, 2017, 2019 и во 2020 година.
Крос-фит е вид на спорт, во којшто се изведуваат вежби во повеќе дисциплини, на пример, гимнастика, дигање тегови, олимписко подигнување тегови, трчање маратон и веслање. Сигмундсдотир активно се натпреварува откако го имаше своето деби во 2013 година.
Покрај тренирање и учество на натпревари, 28-годишната дама студира психологија. „Volkswagen R поседува многу од тоа во што лично верувам“, е првата изјава на Сигмундсдотир во својство на амбасадор на спортската марка на Volkswagen. „Како атлетичарка целосно се идентификувам со комбинацијата од моќ и префинетост.“
https://www.instagram.com/p/B-eaQiNJ0pb/
https://www.instagram.com/p/B8_zCEaJFMi/
















