Volvo во првите три месеци од годинава продаде 131.889 возила на светскиот пазар. Падот од 18,2 проценти поради кризата, во споредба со лани уште се држи во контролирани рамки. Затоа Швеѓаните и успеаја први да ги објават бројките, што целата автомобиска сцена ги очекува.
Само во март, Volvo Cars продал 46.395 и тоа е за 31,2 проценти помалку од истиот месец лани, поради намалената побарувачка на целиот автомобилски пазар во Европа и САД. Во меѓувреме, во Кина веќе се појавуваат знаци дека пазарот се враќа во нормални рамки.
Најпродаван модел на шведскиот производител во трите месеци бил СУВ-моделот од средната класа XC60. По него следат уште два модели од овој сегмент, компактниот XC40 и луксузниот XC90. Трите СУВ-модели учествуваат со повеќе од две третини (67,9%) во вкупната продажба на марката. Во првото тромесечје лани, уделот на XC40/60/90 изнесувал 60,3 проценти.
Добро се држат и моделите со „штекер“, односно плагин-хибридите и идните чисто електрични автомобили, кои Volvo почна да ги води како потсемејство под името Recharge. Нивниот удел изнесува 14,7 проценти, а тоа е двојно поголем учество отколку во периодот од јануари до март лани.
Пазарот во Кина се враќа во нормала, обновено е производството во четирите фабрики на Volvo во земјата
Кинескиот пазар апсорбирал 20.780 возила во првиот квартал, за 30,5% проценти помали од истиот период лани. Овој резултат се должи првенствено на ослабнатата продажба во јануари и февруари. Пазарот почна да заживува во март, а од минатиот месец се обнови и производството во четирите фабрики на Volvo во Кина, откако истите беа затворени поради ширењето на вирусот корона.
САД регистрирале 19.485 нови автомобили од марката до крајот на март, што е намалување за 11,7 проценти од лани. Во повеќето сојузни држави се воведени мерки на карантин, што соодветно доведе до намалување на целиот пазар.
Европската продажба забележила 70.510 возила, но и тоа е за 18,5 проценти помалку од првото тромесечје лани. Причините се јасни, на сите клучни пазари – Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Белгија – владејат вонредни услови и ограничено движење.
Најпродаван модел во кварталот е XC60 со вкупно 36.930 примероци (2019: 46.259 возила), по него се XC40 со 34.268 примероци (2019: 28.903) и XC90, со продадени 18.327 возила во првиот квартал од 2020 година, односно 22.073 возила во истиот период лани.
Модели |
Прв квартал 2020 |
% |
|
S60 II |
25 |
-95.6 % |
|
S60 III |
7,261 |
76.1 % |
|
S60L |
1,868 |
-17.0 % |
|
S60 CC |
– |
– |
|
S90 |
7,155 |
-43.9 % |
|
V40 |
1,442 |
-88.8 % |
|
V40 CC |
341 |
-91.2 % |
|
V60 |
10 |
-98.0 % |
|
V60 CC |
2 |
-99.0 % |
|
V60 CC II |
4,129 |
88.3 % |
|
V60 II |
13,567 |
-3.5 % |
|
V90 |
3,768 |
-35.3 % |
|
V90 CC |
2,796 |
-42.0 % |
|
XC40 |
34,268 |
18.6 % |
|
XC60 |
– |
– |
|
XC60 II |
36,930 |
-20.2 % |
|
XC90 II |
18,327 |
-17.0 % |
|
Вкупно |
131,889 |
-18.2 % |

















