Домашните испораки ја зголемија продажбата на комбиња во Британија

Домашните испораки ја зголемија продажбата на ванови во Британија
Домашните испораки ја зголемија продажбата на ванови во Британија

Додека продажбата на патнички автомобили трпи последици од кризата, сосем е поинаку кај доставните возила. Многу работа се отвори околу домашната достава на храна и други производи. Доставата бара повеќе возила, британските онлајн-огласници пријавуваат продажен бум.

Последните статистики за британскиот пазар откриваат дека уделот на продадени доставни возила преку онлајн-огласниците, во март се зголемил 20 пати (и со зборови, дваесетпати!) во вкупната продажба на возила, во споредба со периодот пред корона-кризата. За една третина се зголемил и бројот на пребарувања за доставните возила.

Причина за нагло зголемената продажба е соодветниот пораст на побарувачката за домашна испорака, поради мерките за изолација. Голем број ресторани, како и служби за достава, одеднаш се соочија со сосем нов предизвик, а тоа е речиси целосна преориентација на испорака на храна и други производи до домот.

Според статистиката што ја води Гугл, бројот на возења до продавниците или до центрите за рекреација во март се намалил за 85% во споредба со истиот месец лани, додека кај возењата до супермаркетите и апотеките било забележано намалување за 46 проценти.

Администраторите на онлајн-огласниците за автомобили во Велика Британија откриваат дека во изминативе две децении не се случила таква замена на продажните позиции меѓу патничките автомобили и доставните возила. Според нив, 20-кратното зголемување на онјалн-пазарот на комбиња и фургони укажува на радикалните промени што се случија поради Ковид-19.

Претходна објаваToyota има нова технологија за леење на главата на моторот
Следна објаваTesla со рекордна испорака во првото тромесечје: Над 100.000 возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here