Четирите автомобилски марки на Порше Македонија стартуваат со посебна онлајн-понуда за возила на лизинг. Бонусот од 1.000 евра важи во следните три месеци за возила на лагер од марките Volkswagen, Skoda, Audi и Seat, исто како и за доставните возила на VW.
Во некои други услови, тоа ќе беше главната вест на денот од автомобилската сцена и веројатно ќе беше искористено како уште еден повод, за компанијата да ги покани медиумите за големата вест што има да ја соопшти. Но, времињава ги водиме како вонредни, па соодветно и големите компании превземаат мерки да се приспособат и да го одржат бизнисот во вообичаениот обем, додека во исто време и на друго место ја почитуваат општествената одговорност.
Станува збор за премиера на македонскиот пазар, односно за прва понуда за онлајн-купување возило, конкретно за четирите автомобилски марки на Порше Македонија, плус за доставните возила на Volkswagen. Автомобили од марките Volkswagen, Skoda, Audi и Seat, коишто се наоѓаат на лагер, достапни се со 1.000 евра специјален онлајн-бонус. Понудата важи за возила што ќе бидат превземени до 30-ти јуни годинава и реализирана е во соработка со Порше Лизинг.
Порше Македонија реализираше три мега-проекти: За кусо време е организирана онлајн-продажбата на возила за сите марки, во вонредни услови е избегнато клиентите да се изложуваат на контакти, и секако, овозможен е бонус при купување возило
Сите марки стартуваа истовремено со посебно подготвена секција на своите вебсајтови, преку којашто се добива досега невиден обем и деталност на потребните информации, до конечниот чекор и до резервацијата на избраното возило, по што следи контакт од соодветно задолжените експерти на Порше Македонија.
Конкретно за Skoda, на располагање стојат возила од пет моделски серии: Fabia (6 возила на лагер), Scala (8 возила), Superb (1 возило), Karoq (2 возила) и Kodiaq (1 возило). На страницата се добива јасен преглед на возилата што се достапни веднаш, со целосниот обем на опрема, мотор, менувач и боја на каросерија. Во посебен документ во ПДФ-формат се наведени сите детали и пресметки околу лизингот на секое возило одделно.
>>> Врска до прегледот на возилата од марката Skoda што се достапни на лагер

Пример. Skoda Scala 1.0 Ambition со 95 КС и 5-степен мануелен менувач, достапна е по акциска цена од 13.500 евра. Каросеријата е во сребрена металик боја, внарешноста е во црна/сива боја, бандажите се челични со пречник од 16 инчи. Дополнително од основната опрема, конкретниот примерок поседува 3-крак мултифункциски кожен волан и металик лак, што вкупно вредат 240 евра. Редовната цена на ова возило со дополнителната опрема изнесува 15.760 евра.
Од редовните 15.760 евра за Skoda Scala 1.0 Ambition, цената со бонусот се доведува до 12.500 евра: Тоа е разлика од 25%
Со акцискиот попуст, цената се доведува до 13.500 евра. На таа цена се пресметува уште специјалниот онлајн-бонус од 1.000 евра, што значи дека автомобилот е достапен по цена од 12.500 евра, односно толку изнесува финансираната вредност на возило. Во случај на учество од 30%, пред испораката на возилото се плаќаат висината на учеството, во овој случај 3.850 евра, трошоци за обработка на договорот (еднократно) и првата од вкупно 72 рати. Во документацијата за плаќањето што комплетно е достапна онлајн, од Порше Македонија нé информираа дека веќе во текот на утрешниот ден ќе бидат пресметани и објавени вредностите со вклучен бонус од 1.000 евра.
>>Врска до понудата на возила Volkswagen

>>Врска до понудата на возила Skoda

>>Врска до понудата на возила Audi

>>Врска до понудата на возила Seat

















