Шефот на Continental повикува да се врати производството

Шефот на Continental повикува да се врати производството
Шефот на Continental повикува да се врати производството

Првиот човек во надзорниот одбор на Continental и поранешен шеф на BMW, Волфганг Рајцле, повикува да се стави крај на запирањето на фабриките и да се врати производството. Во спротивно, штетите ќе бидат ненадоместливи и распоредот на силите ширум светот ќе се смени во корист на Кина, којашто на крајот ќе излезе победник.

Шефот на надзорниот одбор на Continental, Волфганг Рајцле, бара да се смени стратегијата во пандемијата на корона. Во интервју за германскиот економски магазин Капитал, поранешниот прв човек на BMW, изјави: „Нашата економија со секоја следна недела трпи непоправливи штети. Голем број помали фирми ќе изумрат. Но, загрозени се и концерните.“ Според Рајцле, се создава илузија дека државата ќе може да ги спаси сите компании. Поради тоа, запирањето на производството не смее да трае предолго.

„Ова затворање ќе доведе до долготраен губиток на добросостојбата за многумина, доколку трае подолго од четири, пет седмици,“ продолжува поранешниот менаџер. Рајцле препорачува фабриките да се отворат повторно и производството да продолжи на 20-ти април или најдоцна на 27-ми април.

Зошто секој ден се следи само ситуацијата во Италија и Шпанија, а не и во Јапонија?“

Концерните прават грешка со тоа што калкулираат до кога ќе располагаат со пари. Концернот Continental, како добавувач и меѓу другото производител на истоимената марка пневматици со врвен квалитет, располага со доволно финансии и малку е задолжено. „Компанија од рангот на Continental исто така не може да издржи подолго од неколку месеци. Ценам дека тоа им е јасно и на повеќето политичари,“ објаснува Рајцле. Тој не може да си објасни, зошто секој ден се гледаат само Италија и Шпанија, но не и Јапонија: „Зошто се раководиме според земјите со драматичен тек, место да учиме од тие што продолжија да ја одржуваат својата економија и не се соочуваат со проблеми?“

Кина ќе излезе како најголем добитник?

Запирањето на погоните во производството за автомобили е голем проблем. „По такво непланирано затворање е потребно подолго време за продукцијата да се врати. Не постои индустрија што интегрира толку делови, единечни компоненти и суровини. Дури и годишните одмори во нашата бранша се утврдени една година претходно.“ Рајцле, кој раководеше со BMW во периодот кога концернот постигнуваше најголем напредок, кажува: „Тоа е комплексен систем, којшто е разгранет низ целиот свет и меѓусебно е усогалсен, поради што во ваква ситуација не може да се врати во работа со едноставно притискање на копче.“

Рајцле стравува дека Кина по кризата ќе испадне голем победник, а Европа губитник. Само на Италија долги години ќе ѝ бидат неопходни стотици милијарди евра. Како последица од кризата би можело да произлезе тектонско поместување на плочите во светскиот распоред на силите.

Кризата дневно им одзема 360 мил. € на германските авто-марки

Претходна објаваKia XCeеd очекувано со награда за дизајн Red Dot
Следна објаваГодина на легендите: Opel Ascona и Manta имаат по 50 години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here