Mitsubishi eK е актуелниот автомобил на годината во Јапонија

Mitsubishi eK Wagon автомобил на годината во јапонија 2020
Mitsubishi eK Wagon автомобил на годината во јапонија 2020

Новата генерација на минито Mitsubishi eK Wagon, заедно со неговата варијанта eK X е актуелен носител на титулата на автомобил на годината во Јапонија. Изборот се одржува секоја година во организација на најценетите автомобилски новинари во земјата.

Класата на автомобили со димензии што се ограничени на 3,39 метри во должина и 1,47 метар во ширина, во комбинација со мотор со зафатнина до 660 сантиметри кубни, постигнува најголема продажба во Јапонија. Станува збор за таканаречени кеи-автомобили, кои добиваат посебни повластици, од аспект на нивното мало влијание врз животната средина и малите димензии. Секој втор автомобил што се регистрира во технолошки авангардната островска земја доаѓа од оваа класа.

Mitsibishi ја нуди четвртата генерација на моделот од оваа класа, чиешто име исто така е сведено на минимум – eK. Неговата варијанта eK X (според производителот се изговата „крос“) има неколку детали во изгледот што се својствени за теренските автомобили. Малечкиот автомобил располага со релативно долго меѓуоскино растојание од 2,50 метри (за споредба, Polo има 2,57 метри), што сведочи за просторноста на кабината. Друго обележје е изобилството од системи за асистенција, исто како во моделите од повисоките класи.

Во поглед на технологијата и опремата речиси нема разлика со моделите од повисоките класи

Сликата од камерата за рикверц се прикажува во дисплеј во внатрешниот ретровизор, но на средишниот дисплеј се добива и претстава за целиот простор околу најмалечкиот Mitsubishi од горна перспектива. Систем за самостојно запирање при опасност од судир и систем за следење лента се подразбираат. Пред неколку денови, Mitsubishi eK освои и награда за „Добар Дизајн“.

Марката со трите дијаманти лани исто така победи во изборот, со Mitsubishi Eclipse Cross. Уште еден модел на Mitsubishi од оваа класа, со награда на автомобил на годината од RJC е прочуениот „i“ во 2007 година. Прочуен, затоа што во варијантата i-MiEV тој беше еден од првите електрични автомобили во продажба (Мак АутоСтар не пропушти да го донесе моделот и да го понуди на тестирање), кој во Европа се продаваше и како Citroen C-Zero и Peugeot iOn.

https://youtu.be/qEnGYiFb9P8

Го прочитавте нашиот тест на Mitsubishi Space Star?

 

Претходна објаваVolvo одбележува десетгодишнина од преоѓањето во Geely
Следна објава„Новиот“ BMW 740i од 1997 година надмина 130.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here