Автомобилскиот огранок на кинескиот концерн за трговија со недвижнини Evergrande планира да прерасне во најголем производител на електрични автомобили во светот до 2025 година.
Шефот на Evergrande, Ксу Џиајин, планира својата компанија да ја издигне до „најголем и најмоќен“ производител на електрични автомобили во светски рамки, најдоцна до 2025 година. Кинескиот концерн во тој период ќе произведува еден милион електрични автомобили, што е двапати повеќе од ланската продажба на калифорнискиот специјалист и лидер Tesla.
Аналитичарите оценуваат дека станува збор за „најлудиот автомобилски проект во светот“. Evergrande е концерн што ја постигнува најголемата заработка во бизнисот со недвижнини. Шефот Џиајин е трет најбогат човек во Кина.
Кон крајот на септември 2019 година, New Energy Automobile Group, како што е името на автомобилската фирма-ќерка на Evergrande, најави дека со светски прочуените инженерски компании FEV, Adag, IAV и AVL, како и со канадскиот мега-добавувач на автоиндустријата Magna, ќе произведува електрични автомобили какви што светот нема видено. Во план се 15 нови модели, почнувајќи од модел во средната класа, до најлуксузни крстосувачи.
Nevs 9-3 EV е првиот електричен автомобил што е создаден со парите од Evergrande. Во основа станува збор за застарена изведба на Saab 9-3.
https://www.instagram.com/p/B8MJN78l5A-/
https://www.instagram.com/p/B4hL6WUlGW6/
















