за

Богота ги пушти велосипедите по улица, се растоварува јавниот превоз

Богота ги пушти велосипедите по улица, се избегнува јавниот превоз
Богота ги пушти велосипедите по улица, се избегнува јавниот превоз

Главниот град на Колумбија го поттикнува возењето велосипед, за граѓаните да не го користат јавниот или заедничкиот превоз и да се спречи ширењето на вирусот корона. Велосипедистите добија посебна лента по повеќе улици во Богота.

Колумбиската престолнина Богота се реши за необична мерка во борбата против пандемијата на корона. Велосипедистите добија посебна лента на повеќето главни сообраќајници во градот.

Градоначалничката Клаудиа Лопез изјави дека градот моментно се наоѓа под тројна закана: Лош квалитет на воздухот, сезонски болести на дишните патишта, а сега и вирусот корона. „Не можеме да го издржиме овој притисок“, изјави Лопез во видеото објавено на твитер. Дополнителен проблем претставува и тоа што јавниот превоз нема доволно капацитети да излезе во пресрет на потребите на градот.

Велосипедистите добија нови 117 километри „патишта“ во Богота

Градот им ослободи на велосипедистите 117 километри по главните сообраќајници, во очекување дека граѓаните ќе почнат да користат велосипеди. Една од целите на мерката е да се спречи преполнетост на градските автобуси, односно да се овозможи поголема оддалеченост меѓу патниците и да се спречи пренесување на вирусот. Во Богота веќе постои релативно разгранета мрежа од велосипедски патеки, со вкупна должина од околу 550 километри.

Уште во првиот ден од воведувањето на мерата, бројот на корисници на јавниот превоз се смалил за 23 проценти. Но, тоа во голем дел се должи и на повикот од Владата, за граѓаните да останат дома.

Богота има голема потреба од развиен јавен превоз. Според државната статистика, 85 проценти од близу осумте милиони жители во градот се движат пеш, користат велосипед или автобус. Градот и покрај тоа се соочува со висок степен на загаденост на водухот. Според Лопез, годишно во Богота умираат 2.000 лица поради болести на дишните органи.

Како и во повеќето латиноамерикански држави, здравствениот систем во Колумбија е преоптоварен и се соочува со големи прецизвици. Мора да се обезбедат доволно болнички кревети, заштитни маски и медицински персонал, за случај нагло да се зголеми бројот на заразени лица.

https://twitter.com/ClaudiaLopez/status/1241841164204101639?s=20

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Улица во Лондон претворена во Електрична Авенија

Улица во Лондон претворена во Електрична Авенија

Кинескиот Evergrande ќе станува најголем производител на електрични автомобили