Макпетрол АД донира медицинска опрема за Министерството за здравство

Макпетрол
Макпетрол

Макпетрол донира за Министерството за здравство медицинска опрема во вредност од 3.200.000 денари, за борба против вирусот Ковид-19.

Вo продолжение сооштението од компанијата:

======================================================

Почитувани,

Земајќи предвид дека нашата, како и повеќето земји во Европа и Светот, се соочува со последиците од пандемијата со новиот Корона вирус, „КОВИД-19“, Макпетрол АД како општествено одговорна компанија одлучи да донира соодветна медицинска опрема во вредност од 3.200.000,00 денари на Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Ова е време кога е потребна солидарност и поддршка. Во борбата против вирусот „КОВИД-19“ не можеме да се бориме како индивидуи, туку, заедно како општество.

Дополнително, уште еднаш сакаме да апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација.

Останете дома и придонесете, заштитете се себеси и оние кои ги сакате!

Макпетрол АД е целосно подготвен и е на располагање за соработка со сите државни институции во борба против вирусот „КОВИД-19“.

Јавното здравје е заедничка одговорност!

Со почит,

Макпетрол АД

Претходна објаваАмериканските автогиганти GM и Ford го запреа производството
Следна објаваТест: Mitsubishi Space Star 1.0 Entry

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here