Lamborghini поради вирусот корона ја затвори својата фабрика во Сант Агата Болоњезе во времетраење од две недели.
Италијанскиот производител на спортски автомобили Lamborghini го запира производството во периодот меѓу 13-ти и 25-ти март. Причина за тоа е ширењето на пандемијата на корона, којашто во Италија речиси целосно го запре јавниот живот.
Владата како превентивна мерка нареди затворање на сите јавни објекти и продавници, со исклучок на супермаркетите. „Одлуката е мотивирана од социјалната одговорност и се темели врз високата сензибилност кон нашите соработници“, изјави шефот Стефано Доменикали.
Вирусот корона остави последици врз автомобилската бранша, исто како и во сите останати подрачја. Во Кина, од кадешто потекнува пандемијата, голем број производители не го продолжија работењето по завршувањето на прославите на кинеската Нова Година.
















