Скок на автомобил врз трамбулина од висина од 45 метри

пуштање автомобил трамбулина
пуштање автомобил трамбулина

Постојат многу неодговорени прашања, но не значи дека за сите мора да се бара одговор. Тоа сигурно важи за прашањето, што ќе се случи кога автомобил ќе се пушти врз трамбулина од висина на 15-катница?

Кога некој има близу 11 милиони следачи на јутјуб, мора да се верува дека тој човек знае што прави. Американецот Марк Робер, на пример, дојде на идеја да пушти автомобил од висина од 45 метри, да падне врз трамбулина, којашто важи дека е најиздржлива во светот.

Трамбулината е дело лично на Робер и на неговите јутјуб-колеги од How Ridiculous. Површината за скок е изработена од кевлар и затегната е за рамката со 144 пружини за гаражна врата. Целата оваа конструкција тежи два тони и не остава впечаток дека ќе го издржи падот на малечок автомобил, без таа да се оштети.

Пред главниот чин, пуштањето на Opel Corsa, во случајов со знак на австралискиот Holden, се врши серија тестови.

Така доаѓа и моментот да се „фрли“ малечкиот Opel од висина од 150 стапки, односно 45 метри.

По автомобилот, следи и пригодна завршница на експериментот.

Претходна објаваИдејата за менување на логото на BMW не мина најдобро
Следна објаваАвтомобилскиот салон во Њујорк се одложува за август

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here