Салонот во Њујорк е уште еден во низата традиционални настани на автомобилската сцена што се одложува поради ширењето на корона. Место од 10-ти до 19-ти април, американското автошоу ќе се одржува меѓу 28-ми август и 6-ти септември.
Автомобилскиот салон се одржува секоја година во Центарот Џејкоб К. Џавиц, покрај реката Хадсон, во Мехнетен. Економската придобивка од оваа значајна манифестација за браншата се проценува на околу 330 милиони долари, односно над 290 милиони евра.
Со традиција долга 120 години, салонот во Њујорк се одржуваше под мотото, шоуто мора да продолжи. „Тешко ја донесовме одлуката да го поместиме датумот за шоуто, но нашиот главен приоритет останува здравјето на сите што учествуваат на овој историски настан“, изјави Марк Шинберг, претседател на здружението на автомобилски дилери во поширокиот регион на Њујорк, коешто го одржува салонот.
https://www.instagram.com/p/B9PY70DFPc-/
















