за

Skoda Kodiaq vRS како логистичка поддршка на британската армија

Skoda Kodiaq vRS
Skoda Kodiaq vRS

Светот досега ја има видено Skoda Kodiaq во најразлична примена, но ова е веќе многу сериозно. Британската армија ја користеше најсилната изведба на теренецот при редовните зимски тренинзи на Швајцарските Алпи.

Кралските оружени сили на британската армија побараа од Skoda да им отстапи возило што ќе им послужи какло логистичка поддршка за редовниот зимски тренинг годинава. Се бараше издржлив теренец со погон на сите тркала што ќе биде дораснат за условите на скијачкиот камп на армијата високо во Швајцарските Алпи. Skoda излезе во пресрет на барањето без двоумење: Kodiaq vRS ќе биде вистинското возило за тоа.

Станува збор за скијачки шампионат, што британската армија го организира секоја година за своите припадници. Кралските оружени сили тука ги усовршуваат или штотуку ги стекнуваат своите скијачки вештини во период од пет недели. На крајот на обуката следат натпревари во слалом, велеслалом и супервелеслалом.

Skoda Koqiaq vRS, со моќен дизел со 240 КС, но и со седум седишта, се користеше за превоз на логистичарите, на спонзорите и на офицерите. Мајор Томас Секомб, командир на зимскиот камп, коментираше за придонесот на чешкиот автомобил: „Kodiaq се докажа како непроценливо вреден дел од тимот. Потребен ни беше 4х4 што ќе се соочи со сите услови на подлогата, вклучувајќи мраз и снег, во што тој се покажа феноменален.“

Kodiaq е еден од моделите на Skoda што има освоено најмногу „ордени“, со повеќе од 20 награди во автомобилската сфера. Големиот СУВ е на пазарот од 2017 година и прв модел е на Skoda со седум седишта.

https://www.instagram.com/p/B8rVxjdhEIv/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

салон автомобили њујорк

Автомобилскиот салон во Њујорк се одложува за август

велосипед возење работа европа

Фирми во ЕУ им плаќаат на вработените да доаѓаат со велосипед