На крстосница во Лос Анџелес се одвиваше бурна сцена на автомобилски двобој. Лимузина од серијата 7 на BMW и Ford F–150 се судрија поради минување на црвено светло. Но, по судирот следеше уште акција.
По улиците во Холивуд е неоспорно дека може да се доживеат несекојдневни сцени. Но, ваква сцена досега е невидена. На оптоварена крстосница во Лос Анџелес се судрија нова лимузина од серијата 7 на BMW и постар пикап Ford F-150.
Судирот се случува откако Ford минува на црвено светло на семафор, додека од попреку поаѓа BMW и без двоумење удира во пикапот. Сето тоа се случува при брзина со којашто возачите сосем сигурно можат да го контролираат своето возило. F-150 не запира на местото на судирот и продолжува, додека скапата лимузина продолжува да турка во пикапот.
Притоа, масивниот заден браник на Ford закачува во крилото на BMW и го повлекува автомобилот, додека од тркалата се ослободува бел чад и се слуша чкрипење. По неколку метри, германската лимузина се ослободува, но нејзиниот возач буквално е збеснат и со полна сила се залетува во пикапот.
Следеше и соопштение од полицијата во Лос Анџелес, во коешто возачот на BMW е приведен за напад со смртоносно оружје. За ова казнено дело, во Калифорнија се пропишува до четиригодишна затворска казна и до 10.000 долари парична казна. Вакви фрустирани избиви на бес е нормално дека се санкционираат најстрого.
An arrest for Assault with a Deadly Weapon has been made in connection with this incident, which occurred Monday evening in the area of Victory Blvd & Laurel Canyon.
https://t.co/0NVDI4riDE— LAPD HQ (@LAPDHQ) March 4, 2020
https://www.instagram.com/p/B9TU53bJFNQ/
https://www.instagram.com/p/B9ViRnNpl9M/
















