за

Samsung разви батерија помала за половина

батерија литиум метал
батерија литиум метал

Samsung најавува нова генерација батерии со цврст електролит, којашто се одликува со зголемена енергетска густина од вообичаената литиум-јон технологија. Ист капацитет на батерија, во иднина ќе може да се постигне со батерија што е помала за половина.

Samsung разви нова формулација за литиум-метал батерија, којашто се верува дека во масовната примена ќе ги замени сегашните литиум-јон батерии што користат течен електролит. Меѓу главните придобивки се спомнува и зголемената безбедност. Причината зошто досега не се користеа литиум-метал батерии е нивната склоност на хемиско разградување, поради таложењето на дендрити врз анодите. Samsung го надмина овој проблем со спречување на таложењето на дендритите, благодарение на новиот вид на облога на анодата од сребро-карбон (Ag-C).

Слој со дебелина од 5 микрометри беше доволен да спречи развој на анодата при тестовите на Samsung. На тој начин, енергетската густина ќе се зголеми до 900 Wh/L. Тоа значи дека новата батерија може да има половина од димензиите на батерија со литиум-јон технологија.

Новата технологија за батерии ќе има глобален ефект

Потребно е уште извесно време додека новата хемиска формула се усоврши, но откако тоа ќе се случи, новите батерии на гигантот Samsung ќе предизвикаат глобални промени, затоа што истите ќе може да се користат во секојдневните електронски уреди, а секако и во автомобилите.

Samsung верува дека литиум-метал батериите ќе придонесат за натамошно забрзување на електромобилноста. Во исто време се овозможува и масовност во одредени подрачја на примена, како на пример во складирањето на енергијата, во акумулаторски станици. Сепак, потребни се уште неколку години додека тоа стане реалност.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кога големо BMW и пикап Ford ќе се соочат на крстосница во Холивуд

Кога големо BMW и пикап Ford ќе се соочат на крстосница во Холивуд

Toyota Cue4 кошаркар робот

Кошаркар-робот на Toyota шампион во постигнување тројки