Renault Trucks започнува со производство на електрични камиони

Renault Trucks започнува со производство на електрични камиони
Renault Trucks започнува со производство на електрични камиони

Renault Trucks уште во текот на март ќе започне со сериско производство на електричните камиони D ZE и D-Wide ZE во Бленвил, Франција. Фабриката во регионот на Нормандија е отворена во 1957 година и специјализирана е за производство на товарни вoзила од средна категорија на носивост, како и за камионски кабини. Таму отсега ќе се врши и монтажа на електрични камиони.

Посебната хала означена со ZE (Zero Emission) покрива површина од 1.800 метри квадратни и во неа се врши вградување на компонентите од електричниот погон. Во непосредна близина се наоѓа линијата за завршна монтажа.

Во ZE-халата се изведуваат технички зафати врз Renault D ZE и D-Wide ZE пред и по монтажата. Халата воедно служи и како магацин за компонентите, вклучувајќи подрачје за чување на батериите, под строго контролирана температура.

Изработката на електричните камиони во халата ZE започнува една недела пред тие да пристигнат на производствената линија. Таму прво се склопуваат различни видови на модули што се специфични за електричните возила. Понатаму, готовите модули се испорачуваат на монтажната лента и се вградуваат во шасијата и во возачката кабина.

Renault D ZE и D-Wide ZE се склопуваат на истата монтажна линија со моделите со дизел мотор. По излегувањето од производствената лента, електричните камиони се враќаат во халата ZE, за техничарите да ги извршат последните работни чекори што се специфични за електричниот погон, како и заради проверка на квалитетот.

https://photos.app.goo.gl/ZrUSpy9NBaCyH8Vo6

Пред да се одобри испорака, следат пробно возење на тест-патеката, како и мерење на моќноста на пробни валци.

За производството на електричен камион се потребни 50 работни часови. Renault Trucks предвидува дека десет проценти од продажбата во 2025 година ќе ја реализира со електрични возила

Основни технички податоци

Renault Trucks D Z.E.
  • Вкупна дозволена тежина: 16 t
  • Техничка вкупна тежина 16,7 t
  • Достапни верзии на меѓуоскино растојание: 4.400 mm и 5.300 mm
  • Електромотор 185 kW (постојана моќност 130 kW)
  • Вртежен момент: 425 Nm.
  • 2-степен менувач
  • Батерија: Литиум јон од 200 до 300 kWh
  • Реален досег: До 300 km
Renault Trucks D WIDE Z.E.
  • Вкупна дозволена тежина: 26 t
  • Техничка вкупна тежина 27 t
  • Меѓуоскино растојание: 3.900 mm
  • Два електромотори со вкупно 370 kW (постојана моќност 260 kW)
  • Вртежен момент: 850 Nm.
  • 2-степен менувач
  • Батерија: Литиум јон 200 kWh
  • Реален досег: До 200 km

Претходна објаваРоботското такси Waymo со нова инвестиција од 2,25 млрд. $
Следна објаваНовиот Golf ги предупредува останатите возила при опасност

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here