за

Новиот Golf ги предупредува останатите возила при опасност

Новиот Golf ги предупредува останатите возила за опасност
Новиот Golf ги предупредува останатите возила за опасност

Новата техника C2X (car 2 car & car 2 infrastructure) овозможува автомобилите да се предупредуваат меѓусебно за опасност на патот или за одредена ситуација. Целта е на тој начин да се спречат сообраќајните незгоди. Клубот АДАК го тестираше овој систем во Volkswagen Golf 8 и даде мошне позитивни оцени.

Клубот АДАК преку осум реални ситуации на опасност ги тестираше функционирањето и можностите на новата техника со pWLAN. Осмата генерација на Volkswagen Golf е прв автомобил што ја поседува оваа техника како стандардна опрема. Тестирањата докажаа дека техниката работи сигурно и предупредува во случај на опасност преку видливи и звучни сигнали. Новата техника е номинирана во категоријата на напредна технологија на Euro NCAP за 2020 година. Експертите на клубот ценат дека системот носи голема придобивка во поглед на безбедноста. „Предупредувањата се навремени и сигурни, така што навистина може да се спречуваат незгодите“, оценуваат од клубот.

Техниката се состои во тоа што автомобилот преку радио бранови ги предупредува останатите возила во близина за опасност на патот. На тестирањата на АДАК, системот во Volkswagen Golf 8 ги предупредуваше останатите возила дека има дефектен автомобил што е запрен покрај патот, уште кога тие се наоѓаа на растојание од неколку стотини метри од местото. Постојат бројни ситуации во коишто е пресудно, ова звучно и видливо предупредување да се добие навреме: Наидување на застој на автопат, незгода или поправка на пат. Тоа е уште позначајно, во случај на магла или кога местото не е директно видливо, на пример веднаш зад свијок.

Возачите во останатите возила со техника Car2X што се во близина, добиваат видливи и звучни предупредувања, кога системите за асистенција на Golf 8 ќе реагираат на опасност на патот
New item by Automedia MK / Google Photos

АДАК цени дека новата технологија со текот на времето ќе донесе голем напредок во поглед на безбедноста во сообраќајот. Во почетокот, техниката може да се користи прво во возилата на противпожарната служба или брзата помош. Со C2X, овие возила ќе можат да ги предупредуваат останатите возила дека наидуваат, на пример, пред крстосница. Истата техника ќе ги штити и пешаците и велосипедистите, доколку тие носат со себе соодветен уред.

Техниката што стандардно е вградена во Volkswagen Golf 8 работи со посебен вид на WLAN и функционира и на местата што не се покриени со мобилната мрежа. Технологијата е развиена како индустриски стандард.

Вистинскиот ефект за безбедноста во сообраќајот сепак ќе се постигне дури откако по улиците ќе има доволен број возила со техниката C2X. Решавачки е сите производители да се спогодат навремено околу усвојувањето на единствен стандард, за новата технологија да се искористи максимално.

Golf 8 е првиот големосериски автомобил што ја поседува техниката C2X како стандардна опрема, без дополнителни трошоци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Trucks започнува со производство на електрични камиони

Renault Trucks започнува со производство на електрични камиони

Tesla фабрика Германија

Tesla може да гради во Берлин, мора да чека лилјаците да заминат