Полскиот Solaris доби нарачки за 500 електрични автобуси

Полскиот Solaris добил нарачки за 500 електрични автобуси
Полскиот Solaris добил нарачки за 500 електрични автобуси

Solaris имаше рекордна година со 1.487 продадени автобуси. Полската фабрика е меѓу лидерите на пазарот на електрични автобуси во Европа. Годинава претстои испорака на најмалку 500 автобуси на струја.

Автобусите на полскиот производител Solaris моментно сообраќаат во 32 држави и во повеќе од 750 градови ширум светот. Компанијата досега има произведено близу 19.000 автобуси. Најголеми пазари лани биле Полска, Германија, Белгија, Литванија и Италија.

Големо внимание се посветува на алтернативните погонски решенија. Во 2019 година, возилата со хибриден и електричен погон учествувале со 40% во вкупната продукција. Испорачани се 162 електрични автобуси или за 51% повеќе отколку преклани.

Во работните налози за 2020 година, меѓу другите, впишани се 130 зглобни автобуси на струја од моделот Urbino 18 за Варшава и 250 електрични автобуси Solaris Urbino 12 electric за Милано.

Solaris користи и уште понапредна погонска технологија во својата понуда од автобуси. Во Стокхолм во 2019 година беше претставена нова генерација на Solaris Urbino 12 hydrogen, којашто користи водород како погонско гориво.

Предноста на автобусите со погон на водород е во тоа што постигнуваат подолг досег во споредба со „батериските“, односно со едно полнење на резервоарите со водород минуваат исто колку автобусите со обичен погон. Solaris ги доби и првите нарачки за овие автобуси, што исто како „батериските“ (погонот на водород исто така користи електромотори), не испуштаат ниту грам штетни материи. Дванаесет примероци од Urbino 12 hydrogen ќе ѝ бидат испорачани на компанијата SASA Bolzano во 2021 година. Во градовите Хамбург и Рига веќе сообраќаат водородни автобуси.

Двозглобниот Solaris Trollino е најдолгото возило произведено досега, со должина од 24 метри

https://photos.app.goo.gl/FLdAKokdpAnQ2dF27

Уште еден новитет на Solaris лани беше двозглобниот Trollino 24, најдолго возило произведено досега. Овој автобус во иднина ќе се испорачува со електричен или хибриден погон.

Годинава претстои премиера на нископоден Solaris Urbino 15 LE electric. Овој автобус со три оски е наменет првенствено за Скандинавија.

Претходна објаваGeneral Motors решително влегува во ерата на електромобилноста
Следна објаваГрадоначалникот на Волфсбург вози … Golf

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here