Најсочуваниот Golf I GTI во светот оди на онлајн-наддавање

Volkswagen Golf GTI 1.6 Mk1 Series
Volkswagen Golf GTI 1.6 Mk1 Series

Volkswagen Golf GTI од првата генерација, со десен волан, што се цени како еден од најдобро сочуваните, најоригинални и најпопуларни примероци од култниот модел, кон крајот на месецот ќе биде понуден на онлајн-наддавање. Се очекува црниот GTI да постигне рекордна цена.

Мошне редок примерок на Golf GTI од првата генерација, сочуван како за музеј, кон крајот на март ќе бара нов сопственик на онлајн-наддавањето што го организира The Market. Станува збор за примерок од најраната серија што е испорачана за британскиот пазар, со волан од десната страна и 4-степен менувач. GTI има поминато помалку од 17.000 милји, односно околу 27.000 километри и досега има сменето само три сопственици. Се верува дека тоа е најдобро сочуваниот, најоригинален и светски познат GTI од првата генерација во светот.

Првиот сопственик го купил за 5.132,39 фунти во септември 1979 година. На наддавањето се очекува неговата цена да достигне меѓу 31.000 и 42.000 фунти (меѓу 35.600 и 48.200 евра). Заинтересираните купувачи ќе може да даваат понуди онлајн во периодот меѓу 19-ти и 25-ти март.

Англискиот примерок е посебен по тоа што верно на него е изработен модел во размер 1:43 од Corgi Vanguards Classics и истиот е пуштен во продажба во ограничена серија

Автомобилот со регистерска ознака ENT 847V во својата историја се појавувал во бројни магазини, како и во две тв-емисии. Првото појавување на малите екрани е во емисијата „The Car’s The Star, на BBC во мај 1995 година, кога авторот Квентин Вилсон го опишува како „најкомплетниот автомобил во светот“. Пет година подоцна, во јуни 2000 година, GTI се појавува и во „Clarkson’s Car Years“, исто така на BBC. Џереми Кларксон го именува Golf GTI за „автомобил на столетието“.

Како примерок од најраната серија, задните светла се мали, чепот на резервоарот нема брава, воланот е со три краци, има оригинални калници и глава на рачката на менувачот во форма на топче за голф. Моделите со менувач со 4 степени се продавале на британскиот пазар само три месеци кон крајот на 1979 година, пред да се вградува петстепен менувач.

Во 2015 година, специјалисти за Golf I од Волингфорд го реновираат славниот GTI во вредност од 7.000 фунти. Поправен е подот и заменети се амортизерите, делови од сопиралките и водовите за гориво, заради сигурност. Моторот бил отстранет заради чистење, менувачот бил ремонтиран и биле заменети потрошните делови во спојката.

Се очекува дека англискиот Golf I GTI ќе постигне рекордна цена на наддавањето кон крајот на месецов.

Врска до страницата на моделот за наддавањето што почнува на 19-ти март

 

 

Претходна објаваПривршува трката за Светски автомобил на 2020 година
Следна објаваКако Volvo направи неговите автомобили да бидат унисекс-безбедни

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here