Привршува трката за Светски автомобил на 2020 година

светски автомобил на годината
светски автомобил на годината

Познати се финалистите во изборот за Светски автомобил на годината. За изборот решаваат гласовите на повеќе од 70 автомобилски новинари. Финалистите обично се соопштуваат на посебен настан во рамките на салонот во Женева, но тој годинава беше откажан поради вирусот корона.

По соопштувањето на финалистите во трката за Светски автомобил на годината, останува уште завршницата, којашто ќе се одвива во рамките на претстојниот салон на автомобили во Њујорк.

Во секоја од категориите во изборот се избираат по три финалисти:

Светски автомобил на годината

  • Kia Telluride
  • Mazda CX-30
  • Mazda3

Најдобар градски автомобил во светот

  • Kia Soul EV
  • Mini Electric
  • Volkswagen T-Cross

Најдобар луксузен автомобил во светот

  • Mercedes Benz EQC
  • Porsche 911
  • Porsche Taycan

Најдобар спортски автомобил во светот

  • Porsche 718 Spyder/Cayman GT4
  • Porsche 911
  • Porsche Taycan

Најдобро дизајниран автомобил во светот

  • Mazda3
  • Peugeot 208
  • Porsche Taycan

Победниците ќе бидат прогласени на 8-ми април, при отворањето на салонот на автомобили во Њујорк. Наградите за светски автомобил на годината 15-ти пат се доделуваат во соработка со њујоршкиот салон.

https://www.instagram.com/p/B9XUCk0FU5j/

https://www.instagram.com/p/B5EYkm4lNPO/

Претходна објаваTesla Model 3 доби хардвер и софтвер за тркачка патека
Следна објаваНајсочуваниот Golf I GTI во светот оди на онлајн-наддавање

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here