Салонот на автомобили ИАА, по речиси седум децении го напушта Франкфурт и се сели во Баварија, во Минхен. Така синоќа реши германското Здружение на производители на автомобили, како организатор на светски значајната манифестација. Од вкупно седум можни градови, во најтесен избор останаа уште Берлин и Хамбург. Првиот ИАА (од Internationale AutomobilАusstellung односно меѓународна автомобилска изложба) во Минхен ќе се одржи во почетокот на септември в година, кусо пред Октоберфест.
Од изборот најмногу ќе се израдуваат во BMW, чиешто седиште и неколку производствени капацитети се наоѓаат во Минхен, поради што марката јасно се идентификува со градот. Според германските медиуми, BMW ќе го замени своето лого на прочуениот „четирицилиндарец“ – како што популарно се нарекува седиштето на марката, поради изгледот на објектот – со логото на ИАА за време на одржувањето на салонот.
Главната причина, за баварската административна престолнина да го добие салонот ИАА, биле привлечните локации на манифестацијата, одличната сообраќајна структура и искуството на градот во организирање големи настани.
https://www.instagram.com/p/B84DyMnIpQx/
Откако публиката почна да губи интерес за посета на салонот и поради отсуството на значаjни производители, меѓу кои и Tesla, германското здружение на авто-производители реши, концептот на најголемиот салон за автомобили во Европа да го префрли од чисто автомобилско шоу во платформа за мобилност. На тој начин им се придава поголемо значење на новите и важни теми околу интелигентните сообраќајни концепти и вмрежувањето на сите учесници во сообраќајот.
Во рамките на салонот се предвидуваат и помали штандови, паралелно одржување манифестации во центарот на градот и во Олимпискиот Парк – што е во непосредна близина на седиштето на BMW – исто како и културни манифестации и форуми.
Во Минхен и во околината има околу 130.000 лица што се вработени во автоиндустријата. Во анкетата се покажа дека две третини од жителите го подржуваат салонот ИАА во својот град. Баварската влада веќе издвоила 15 милиони евра за инфрастуктурата да се подготви за авто-салонот.
https://www.instagram.com/p/B3UlDPOjORn/
















