Макпетрол целосно ја обнови станицата за горива во Битола

Макпетрол станица Битола реновирана
Макпетрол станица Битола реновирана

Инвестицискиот циклус на Макпетрол продолжува и годинава со обновувањето на станицата за горива во Битола. Објектот доби карактеристики на модерна и функционална единица, која уште подобро ќе излегува во пресрет на потребите на потрошувачите.

Целосната инвестиција во оваа станица за горива изнесува околу 18.000.000 денари. Во станицата се достапни сите деривати и течен нафтен гас, како и дополнителните услуги што ќе можат да се добијат во современата продавница. При тоа, бензинската станица ги исполнува сите безбедносно – технички нормативи и во потполност ги исполнува современите функционални и естетски стандарди.

Компанијата постојано ги следи навиките на своите потрошувачи и се труди на најдобар начин да им излезе во пресрет. Макпетрол продолжува со изградба на нови, како и осовременување и модернизирање на постојните бензински станици и складови, со цел што поуспешно и поефикасно сервисирање на потребите на потрошувачите.

Почнува новата наградна игра на Макпетрол, „Верна секогаш со Вас“

Претходна објаваБрзинското тројство на Golf: GTI, GTD, но и GTE
Следна објаваХибриден погон и за спортската изведба на Suzuki Swift

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here