Студија во САД: Возачи на скапи коли не запираат за пешаци

пешачки премин америка запирање
пешачки премин америка запирање

Американско истражување открива дека колку е поскап автомобилот, толку е помала веројатноста возачот да запре на пешачки премин.

Авторите на студијата го надбљудувале однесувањето на стотици возачи на автомобили на пешачките премини ширум Америка. Нивниот заклучок е дека веројатноста за возачите да запрат на пешачки премин е помала во случај кога автомобилот е од поскапите категории. Студијата има конкретни бројки. Во просек, вредноста на автомобилите што запирале изнесувала 5.900 долари (околу 5.400 евра), додека просечната вредност на автомобилите чијшто возач не запрел да пропушти пешаци, изнесува 8.000 долари или околу 7.350 евра.

Студијата според првичната замисла требало да го покаже влијанието на полот и расата во поглед на сообраќајните незгоди што се случуваат на пешачките премини. По оценувањето на податоците се покажало дека овие два критериуми имаат незначително влијание. Место тоа, се покажало дека вредноста на автомобилот влијае дали возачот ќе запре или ќе продолжи. Во натамошното оценување на добиените податоци, се покажало дека на секои 1.000 долари повисока вредност на автомобилот, веројатноста дека возачот ќе запре за пешаци се намалува за три проценти.

Возачите на подостапните автомобили повеќе сочувствуваат со пешаците

Психолозите имаат објаснување за оваа појава: „Намалената способност да се толкуваат мислите и чувствата на другите, проследено со чувство на возвишеност и нарцисоидност, може да доведат до отсуство на емпатија кон пешаците, меѓу возачите со повисок социо-економски статус.“

Од 500 случаи, само 129 возачи запреле да пропуштат пешак.

Претходна објаваЗа технољупци: Микротурбина како генератор за струја
Следна објаваБрзинското тројство на Golf: GTI, GTD, но и GTE

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here