Камери со висока резолуција во замена за класичните ретровизори во Lexus ES 300h. Технологијата што Јапонците првпат ја применија пред две години на домашниот пазар, сега е достапна и во Европа.
Lexus ES 300h е првиот модел на премиум марката на Toyota што во Европа може да се нарача со дигитален систем од камери во замена за обичните ретровизори. Технологијата ќе ја доживее својата европска премиера на салонот во Женева (од 5-ти до 15-ти март). Во 2018 година, Lexus прв го понуди дигиталниот систем во модел од сериско производство, но тој досега беше достапен само во Јапонија.
Надворешни камери со мали димензии и со слика во висока резолуција ги заменуваат обичните ретровизори. Сликата од камерите се прикажува на дисплеи во кокпитот. Главната предност е во тоа на дисплеите се добива подобра прегледност на просторот зад и покрај возилото. Се стеснуваат и мртвите агли. Меѓу бројните функции спаѓа и автоматско прикажување на широкоаголна слика при скршнување или возење наназад, со што се подобруваат безбедноста и комфорот.
https://photos.app.goo.gl/MR3NunSsVQKo9wfT9
Дисплеите се поставени поблиску до видното поле и возачот речиси не мора да ја врти главата за да погледне во нив. Двата дисплеи од по пет инчи (12,7 cm) се поставени на дното на предните столбови, на иста висина на којашто би биле поставени обични ретровизори.
Камерите се поставени во тенки куќишта со аеродинамична форма. Звуците од ветрот се смалуваат, а воедно се отвора и дополнително видно поле. Греењето е стандард, иако леќата е добро заштитена од дожд или снег. Постои и автоматско засенување при силна светлина од назад.
https://photos.app.goo.gl/5w1rbYLckSEYeo3C9
Возачот може и по желба да вклучи широкоаголен приказ во дисплеите. Секако дека постои и можност за возачот сам да ја дотера сликата во дисплејот, слично како што се мести обичен ретровизор. Преку менито може да се избира и осветленоста. Кога возилото е паркирано, ретровизорите се собираат автоматски.
При префрлување во рикверц, на мониторите се покажуваат помошни линии, на растојание од 20 и 50 сантиметри од задниот браник, како и 50 сантиметри растојание од страните на возилото. Истите се прикажуваат и на средишниот дисплеј, кадешто возилото се гледа од птичја перспектива.
Возачот сам ја мести сликата, исто како што се местат и обичните ретровизори
https://photos.app.goo.gl/xnzhDV35Be7G3CEN7
Леќите се одлично заштитени од надворешни влијанија, како дожд или снег
https://photos.app.goo.gl/UF7y7HdU2PWvht9P9
Ноќе се добива многу подобра прегледност, а возачот може и сам да ја дотерува осветленоста
https://photos.app.goo.gl/tqQkA5gLpjuhES7c6
















