Поранешниот шеф треба да му плати 83 милиони евра на Nissan

карлос гон тужба nissan

Nissan поднесе тужба против поранешниот шеф Карлос Гон, за надомест на штета во висина од 83 милиони евра. Тоа е проценетата штета од неговото „измамничко“ и „коруптивно“ постапување, како што јапонскиот производител наведува во тужбата.

Јапонскиот партнер на Renault, Nissan, го тужи поранешниот шеф Карлос Гон, кој пребега во Либан. Од топ-менаџерот што долго време ужива високо реноме на автомобилската сцена, се бара да плати отштета во висина од десетици милиони евра. Како што наведуваат од компанијата, во Првостепениот Суд во Јокохама е поднесена цивилна тужба за 10 милијарди јени, односно 83 милиони евра.

Со отштетата ќе се надомести дел од финансиската штета, којашто Гон му ја нанел на Nissan преку своето долгогодишно „измамничко“ и „коруптивно“ постапување. Се спомнуваат приватно користење на службените авиони, исплата на финансии на сестрата на Гон, плаќања на сметки за неговата приватна резиденција во Либан, како и користење недвижнини во странство, без плаќање на услугите. Во побарувањата за отштета од Nissan дополнително се наведуваат и судските трошоци против поранешниот шеф.

Карлос Гон пред новата година побегна од Јапонија, кадешто беше пуштен на условна слобода – камерите откриваат дека тој бил сокриен во кутија за музички инструменти

Поранешниот претседател на управниот одбор на француско-јапонскиот сојуз Renault-Nissan-Mitsubishi претходно се наоѓаше на условна слобода во Јапонија, под обвинение за извршени берзански манипулации.

Претходна објаваПрвиот електричен СУВ на Skoda се вика Enyaq
Следна објаваИталија се буди за електричниот погон со шесткратен раст

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here