Италија се буди за електричниот погон со шесткратен раст

Електрични автомобили Италија
Електрични автомобили Италија

За продажбата на електрични возила во Италија досега се слушаше малку. Таква беше и продажбата. Во јануари се случи продажен бум, продажбата порасна шесткратно во споредба со лани.

Јануарската статистика сведочи за револуција во продажбата на електрични автомобили на италијанскиот пазар. Во првиот месец од 2020, италијанските возачки и возачи регистрирале шестпати повеќе возила на струја отколку во истиот месец лани. Секако дека и бројката повеќе не е незначителна, станува збор за 1.943 автомобили на струја – чисто на струја.

Во земјата што досега беше ориентирана на автогасот, во поглед на алтернативните горива, одлично се покажа ефектот од пристигнувањето на новите и подостапни електрични модели. Во исто време притиска и ЕУ со поставување построги норми за издувни гасови, а притискаат и локалните власти, кои поввеќе не се двоумат да го забранат сообраќајот за возила со слаб квалитет на издувни гасови, во случај на енормна загаденост или воведување заштитени зони во градовите.

Пазарниот бум кај електричните автомобили беше очекуван, но Италија ги надмина сите предвидувања

Автомобилите со погон на батерија во јануари учествувале со 1,2% во вкупната продажба во Италија. Тоа е рекорд за земјата, во услови кога јауарскиот пазар е намален за 5,8 проценти. Во исто време напредуваат и плагин-хибридите, кои постигнале 1.341 примероци во јануари (0,9% удел), наспроти 355 возила лани.

Губитници се дизел автомобилите, чијашто продажба забележила пад од 23 проценти во споредба со јануари лани. Нивниот удел во вкупниот пазар и натаму изнесува околу една третина.

Претходна објаваПоранешниот шеф треба да му плати 83 милиони евра на Nissan
Следна објаваTesla ќе сели мравки поради новата фабрика во Берлин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here