Оскари за филмуваниот двобој меѓу Ford и Ferrari

ford против ferrari
ford против ferrari

Филмот посветен на легендарната трка меѓу Ford и Ferrari на Леман во 1966 година освои два оскари, што прави тој да биде еден од најнаградуваните филмови од мотоспортот.

Вниманието на македонската јавност во неделата беше посветено само на еден филм, на Медена земја и на ѕвездата од него, Атиџе Муратова. Документарецот ќе остане запишан во историјата како една од најголемите гордости на македонската филмографија. Причина за задоволство имаат и во тимот што стои зад филмуваната сторија Ford v Ferrari (Ле Ман ’66 за македонската публика и во повеќето европски држави), за необичното ривалство меѓу двете компании што не требаше да настапуваат како ривали, на најголемата сцена на мотоспортот, на 24 часа Леман, во 1960-те години.

Приказната за двобојот меѓу Ford и Ferrari победи во две категории во рамките на најпознатото доделување на филмски награди во светот. Наградите се за најдобра филмска и најдобра тонска монтажа. Со два Оскари, овој филм се најде блиску до најуспешниот филм од мотоспортот во историјата, до славниот Grand Prix со Џејмс Гарнер, Ева Мари Сеинт и Ив Монтан, кој во 1967 година освои три Оскари, за најдобра филмска и најдобра тонска монтажа, како и за најдобар звук.

Филмот Ford v Ferrari е проект на американскиот режисер Џејмс Манголд. Во главните улоги настапуваат Мет Дејмон, како Карол Шелби, и Кристијан Бејл, како Кен Мајлс. Дејствието на филмското платно трае два и пол часови.

На сцената во моментов ѝ се неопходни големи филмови за мотоспортот. Автомобилизмот е под силен притисок во интерес на заштитата на животната средина и на глобалното преоѓање на погон на струја, меѓутоа мотоспортот не смее да заврши како жртва, туку треба да се одржува, па и да се врати во некогашното силно светло.

Затоа се особено важни филмовите како Ford v Ferrari. Тие го привлекуваат вниманието и на публиката што не се интересира за мотоспортот – но, можат да поттикнат таков интерес. Филмовите како Ford v Ferrari, Grand Prix, Days of Thunder, Rush, и секако, Le Mans со Стив Меквин, го прикажуваат мотоспортот од сосем различен аспект.

Во филмот Ford v Ferrari не станува збор „само“ за секунди и километри на час, туку и за економска борба, за човечки чувства, за акција во прво лице. Тоа докажува уште еднаш, дека мотоспортот не се само автомобилите, туку многу повеќе се луѓето што стојат зад машините.

https://www.instagram.com/p/B8X4ykgpqDq/

Претходна објаваKia XCeed со награда за дизајн, четврта за моделското семејство Ceed
Следна објаваMercedes GLA почнува со продажба, старт од 37.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here