Првите цртежи од Hyundai i20 најавуваат сосем нов дизајнерски правец на корејската марка. Сите идни модели ќе го следат новиот дизајн „Sensuous Sportiness“. Премиерата ќе биде во Женева, за еден месец.
Hyundai ги објави првите скици од новиот Hyundai i20, коишто најавуваат сосем нов дизајнерски правец кај конкурентот на штотуку пристигнатите 208-Corsa-Clio. Тој е првиот модел на Hyundai на европскиот пазар што ќе го следи новиот дизајнерски правец наречен „Sensuous Sportiness“.
Новиот изглед става нагласок на хармонијата меѓу главните дизајнерски елементи, односно меѓу пропорцијата, архитектурата, стилот и технологијата. Тоа ќе им даде препознатлива појава на новите модели на Hyundai и воедно ќе предизвика посилна емотивна реакција меѓу клиентите.
Дизајнот се одликува со препознатлива каскадна форма на маската, којашто прави каросеријата да изгледа поширока и повеќе припиена за асфалтот. Силен впечаток остава и карактеристичната светлечка шема на предните светла.
https://photos.app.goo.gl/hKwqyWp6NwVeEWKs8
Остро изведените рабови по должината на каросеријата ги нагласуваат спортските пропорции на новиот автомобил на Hyundai во градската класа. Задниот дел се карактеризира со хоризонтална шема на светлата, кои директно преоѓаат во задното стакло.
Новиот Hyundai i20 ќе ја има својата светска премиера на салонот во Женева во март. Во следните недели ќе има уште детали од корејскиот производител.
Ми-Да Гранд Моторс свечено го одбележа новиот старт на Hyundai
















