за

Со погон на вода во вода: Катамаран со „мотор“ од Toyota Mirai

toyota mirai energy observer
toyota mirai energy observer

Од средината на месецов, светот ќе ја следи новата етапа од авантурата на катамаранот со електричен погон. Фановите на Toyota и на напредните технологии имаат уште една причина да го следат катамаранот со име Energy Observer. Во него работи погонот на водород од Toyota Mirai, поточно неговите модули со горивни ќелии.

Техничарите мошне лесно го приспособиле овој супериорен вид на погон во катамаранот. Toyota уште од почеток го придружува крстосувањето на Energy Observer. Станува збор за проект што стартуваше во 2017 година, за прв брод што самиот си ја произведува погонската енергија, односно нема потреба да му се доведува енергија однадвор. Energy Observer ќе мине вкупно шест години во крстосување по земјината топка, користејќи комбинација од енергија од обновливи извори и систем што произведува водород од морската вода.

За новата етапа на Energy Observer, техничарите во европската централа на Toyota го приспособија системот со горивни ќелии од Toyota Mirai во модул што е соодветен за примена во морепловството. Моќноста е зголемена, потрошувачката е смалена. За безбедното препловување на Атлантикот и Пацификот, сепак е најважна исклучителната сигурност во работата на водородниот погон. Приспособувањето на погонот од Mirai траело само седум месеци. Тоа е уште една предност на водородниот погон на Toyota.

Докажувањето на применливоста во морепловството ќе биде уште еден триумф на водородниот погон на Toyota

Погонот на водород од Toyota Mirai веќе со години работи и во неколку автобуси и камиони, докажувајќи се како моментно најдобриот вид на погон, особено во поглед на емисијата на штетни гасови – единственото што го испушта водородниот погон е мала количина водена пареа.

По три години и близу 20.000 наутички милји во развој, системот за снабдување со енергија и нејзино акумулирање сега работи исклучително надежно

Викториен Ерусард, основач и капетан на Energy Observer

View this post on Instagram

Во овој катамаран е вграден водородниот погон од #toyotamirai Целата енергија за погонот се произведува локално на самиот катамаран. Енергијата од соларните панели се користи за водородот што е потребен за горивните ќелии, а со тоа и за струјата за погонскиот електромотор, по пат на електролиза да се добива директно од морската вода. Во техно-жаргонот, тоа се нарекува апсолутна Перверзија! Нема појако од ова #energyobserver #ecopower #fuelcell #hydrogen #zeroemissions #toyota #mirai

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk) on

View this post on Instagram

NAVIGUER I Mise à l’eau réussie pour Energy Observer ! Après 3 mois et de nombreuses améliorations sur nos technologies embarquées, notre catamaran retrouve enfin son élément naturel : la mer 🌊 Une opération de haut vol menée avec succès par notre équipe technique, et en présence de notre capitaine, @victorienerussard. Le départ pour l’odyssée 2020 approche, avec les plus grandes navigations de l’histoire du bateau à travers l’Atlantique et le Pacifique 💪 . ON BOARD I Successful launch for Energy Observer! After 3 months and many improvements on our onboard technologies, our catamaran is finally back to its natural element: the sea 🌊 A high-flying operation carried out successfully by our technical team, and in the presence of our captain, @victorienerussard. The departure for the odyssey 2020 is approaching, with the greatest sailing in the history of the boat across the Atlantic and the Pacific 💪 📷 @amelieconty @antoine_drancey #futureisnow #innovation #actnow #changenow #hydrogen #renewables #renewableenergy #smartgrid #energy

A post shared by Energy Observer (@energyobserver) on

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai i20

Hyundai i20 со стилски упад на забавата на 208-Corsa-Clio

забрана-дизели-верлика-британија

Нови бензинци и дизели во Британија само до 2035 година