Во услови кога половина година недостигаа модели поради префрлувањето на новата норма WLTP, Audi пак успеа да постигне раст во продажбата. Главни носители на продажбата во Европа се новите Q3 и e-tron, додека на пазарите во САД и Кина растот доаѓа главно од моделите од највисоките класи.
Audi постигна раст во продажбата лани, со вкупно 1.845.550 испораки, за 1,8 процент повеќе отколку преклани. Плусот важи за трите најголеми продажни региони. На кинескиот пазар отпаѓаат 690.083 испорачани автомобили (+4,1%), што е нов рекорд за Audi на најголемиот пазар во светот. Позитивни резултати пристигаат и од САД, кадешто растот лани бил само 0,4 процент, но оваа релативно ниска стапка се темели врз тоа што германската марка веќе имаше голем раст во 2018 година. На домашниот пазар, продажбата пораснала за 4,3 проценти. Само во декември, германската марка продала 176.000 возила или 13,9 проценти повеќе отколку во истиот месец лани.
Во првото полугодие Audi недостигаа голем број важни модели, односно моделски изведби, поради воведувањето на новата норма за потрошувачка и емисија WLTP. Овој проблем, што подеднакво ги погоди сите големи производители, беше надминат во второто полугодие. Зголемената продажба на крајот на годината се темели на пристигањето на неколку нови модели. Во 2020 година исто така престојат големи предизвици, поради новото и уште построго ограничување на емисијата на СО2 на ниво на марка, но и покрај тоа во Инголштат очекуваат натамошно зголемување на продажбата.
Најголем раст има во сегментот на СУВ-моделите од средната класа, со +46,2 проценти во споредба со 2018 година. За тоа најмногу се заслужни Audi e-tron и Q8, кои дури пред крајот на годината станаа достапни на сите поголеми пазари. Продажбата на првиот големосериски автомобил на струја на Audi во Европа стартуваше во март, во почетокот на летото e-tron почна да се испорачува во Северна Америка, а од ноември тој е достапен и во Кина, како увозен модел.
Audi e-tron е најпродаван електричен СУВ во Германија, Норвешка, Холандија, Шведска и Австрија
Во Кина во 2019 година најмногу се продаваа луксузните модели од локална продукција со продолжена каросерија, односно A4 L (+3,0%, 168.189 примероци) и Q5 L (+17,0%, 139.297 примероци). Изненадувачки се бројките од продажбата на знаменосецот A8 L, со 12.451 примероци и со раст од 21,6 проценти. Во последното тромесечје, за големиот кинески пазар на електрични автомобили започна и локално производство на Audi Q2 L e-tron со погон на струја. Кон крајот на годинава ќе следи и e-tron од локална продукција.
https://photos.app.goo.gl/Y2X7FpcmtQK1r35x6
Главни носители на продажбата во САД исто така се моделите од највисоките класи, односно Audi A6 (+68,6%, 17.807 возила), Audi A7 (+28,6%, 4.955 возила), Audi A8 (+85,3%, 2.963 возила). Еден од секои три произведени примероци од Q8 лани, бил испорачан во САД.
Европскиот пазар донел раст од 3,5 проценти за марката со четирите прстени, со вкупно 769.650 возила. Audi Q3 учествува во оваа бројка со дури 93.900 возила, за 55,5 проценти повеќе отколку преклани. Одлични резултати постигнал и електричниот Audi e-tron, со тоа што секој четврти примерок бил испорачан на шампионскиот норвешки пазар.
Вкупно продадени автомобили на Audi на главните пазари во 2019 година
|
Декември 2019 |
Разлика со 2018 |
Цела 2019 |
Разлика со 2018 |
|
|
Свет |
176.000 |
+13,9% |
1.845.550 |
+1,8% |
|
Европа |
62.000 |
+20,4% |
769.650 |
+3,5% |
|
– Германија |
18.170 |
+7,3% |
271.613 |
+4,3% |
|
– В. Британија |
8.702 |
+37,8% |
139.026 |
-3,3% |
|
– Франција |
7.153 |
+70,9% |
58.241 |
+12,6% |
|
– Италија |
4.762 |
-37,0% |
64.056 |
+2,9% |
|
– Шпанија |
4.079 |
+14,7% |
50.904 |
-4,1% |
|
САД |
25.850 |
+13,6% |
224.111 |
+0,4% |
|
Мексико |
1.456 |
-4,2% |
12.458 |
-15,7% |
|
Бразил |
856 |
+0,9% |
8.269 |
-6,1% |
|
Кина |
71.487 |
+9,0% |
690.083 |
+4,1% |
















