Audi AI:ME сака да биде „трето живеалиште“ на модерниот човек

Audi AI-ME Las Vegas CES2020
Audi AI-ME Las Vegas CES2020

Audi веќе десетта година е дел од саемот за потрошувачка електроника ЦЕС во Лас Вегас, кој беше и една од причините за поместување на датумот за одржување на авто салонот во Детроит. Audi прикажува концепт на возило со автопилот, со многубројни дополнителни функции кои треба времето минато во AI:ME да го направат исто толку пријатно како во домот.

Audi има убави намери со концептниот автомобил AI:ME на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас. Возилото со автопилот е замислено како еден вид трето живеалиште, покрај домот и рботното место. Вклучувањето на функциите се врши преку поглед, а на патниците во возилото им стојат на располагање и досега невообичаени функции, како на пример нарачување на омиленото јадење.

Кога ќе се посака мислите на момент да го напуштат урбаниот метеж, доволно да се посегне по очилата за виртуелна реалност што се дел од опремата и одеднаш човек да се најде во некој планински предел или на плажа, по желба. Посебна технологија се грижи приказот во очилата да се менува како што се одвива возењето. Таа технологија пред неколку месеци ја тестираше и Porsche

https://photos.app.goo.gl/GqXazRLHbmnS57kR9

Кога ќе се пристигне на целта, нарачаното јадење веќе е подготвено за испорака, за што AI:ME се погрижил „лично“. Концептниот автомобил им стои на распоагање за пробно возење на новинарите за време на саемот ЦЕС 2020 во Лас Вегас.

Автомобилот на иднината од Audi ќе знае и како најдобро да го намести седиштето според желбите на патникот, ќе ја избере омилената музика и точно ќе ја намести температурата, па дури ќе погоди и каква миризба да се шири во кабината. Зависно од претходните возења, автомобилот ќе може и сам да го избере одредиштето, зависно од времето во денот и слично.

Навигацијата точно покажува кон избраното одредиште во проекцискиот дисплеј

Во проекциските дисплеи денес обично се прикажува стрелка со којашто навигацијата го упатува возачот како да пристигне до одредиштето. Во иднина тоа ќе биде уште попрецизно и повеќе верно. Стрелката во иднина ќе покажува точно на улицата по којашто треба да се продолжи, па и на самото одредиште, на пример продавница или влез во објект.

https://photos.app.goo.gl/xgocUf8QGcZY3sqq7

Тоа е технологија што е развиена во соработка со Samsung и којашто работи исто како 3D-телевизор: Една точка од сликата за левото и една точка за десното око. Возачот ги гледа сликите на овој проекциски дисплеј со таканаречена 3D mixed reality како слика што лебди на оддалеченост меѓу 8 и 10 метри. Зависно од условите, ова растојание се зголемува и сликата изгледа како да е оддалечена и до 70 метри. Место возачот да го фокусира целиот објект, самиот дисплеј соодветно го приближува или оддалечува приказот.

https://photos.app.goo.gl/wfpG6Zr5m154JabJ8

Уште еден новитет е Display on Demand-transparent: Станува збор за дисплеј висок 15 и широк 122 сантиметри, кој делумно е потонат во таблата со инструменти. Тој е дводелен. Едниот дел е проѕирен OLED-дисплеј, вториот дел е Black Layer за посебно црна боја. Целта е деловите од дисплејот на коишто во моментот не се прикажува информација да останат проѕирни, за возачот да го гледа патот пред себе.

Audi на посетителите на ЦЕС им прикажува и можност преку светлина да се намали замореноста на возачот, на пример со сина светлина. Овој проект се нарекува „Human Centric Lighting“ и сосем е извесно дека во видно време ќе се најде и во сериските модели на марката.

https://photos.app.goo.gl/ksnYZKjNTFmbAgSs5

https://photos.app.goo.gl/WkbYhx4Vj2VnqezR9

https://photos.app.goo.gl/HHVebkVHHmXhEdyR6

https://photos.app.goo.gl/VUJFefSVdcC8ZKK18

 

Претходна објаваКако екс-шефот на Renault побегна сокриен во куфер за контрабас
Следна објаваBMW прославува во 2020: Моделот што го втемели спортскиот имиџ на марката (Втор дел)

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here