Продукцијата на автомобили во Германија најниска во последните 22 години

Продукцијата на автомобили во Германија најниска во последните 22 години
Продукцијата на автомобили во Германија најниска во последните 22 години

Автомобилското производство во Германија годинава е намалено значително. Домашните автомобилски концерни сепак работат подобро од кога било досега.

Според заклучоците во последната студија, продукцијата на автомобили во Германија во 2019 година е на најниско ниво во последните 22 години. Како што наведува студијата на Институтот за автомобилизам при Универзитетот Дуизбург-Есен, до крајот на годинава во земјата ќе се произведат 4,67 милиони возила. Уделот на Германија во светската автомобилска продукција е смален на 5,9 проценти, додека во 1997 година земјата учествувала со дури 11,8 проценти. Во просек, секој 17-ти произведен автомобил во светот изгледува од германските фабрики.

Една од причините за негативниот тренд е рецесијата во автомобилската индустрија во светски рамки, произлезена од трговските војни кои ги поттикна американскиот претседател Доналд Трамп. Глобалната продукција во 2019 година се смалила за пет проценти, на 78,8 милиони возила, односно 4,1 милиони помалку отколку лани.

Планираната фабрика на Тesla во близина на Берлин ќе го ублажи негативниот тренд, но не може да го претвори во растечки тренд

Трговската војна меѓу најголемите економии во светот, САД и Кина, влијаеше и врз германскиот извоз, а со тоа и на производството на автомобили во земјата. Експертите од Институтот ценат дека и во следната година ќе продолжи намалувањето на продукцијата во земјата, на 4,5 милиони возила. Повторно зголемување би се случило дури во 2021 година.

Значењето на Германија во светската автомобилска индустрија се смалува, наспроти влијанието на германските автомобилски концерни, кои преку своите бројни фабрики ширум светот, ја задржуваат доминацијата на светскиот пазар.

Брз бизнис: Tesla уште месецов ќе ја купи парцелата за фабриката во Германија

Претходна објаваВо Њујорк поштата се разнесува со товарни велосипеди
Следна објаваКинеска марка првпат со титула на светски шампион во мотоспорт

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here