Kia подготвува ново лого и личи на кирилично „КИ“

kia ново лого
kia ново лого

Kia поднесе нов заштитен знак за својата марка во корејската служба за патентирање. Новото лого е стилизирано врвно и има минималистички дизајн. Една студија годинава веќе прикажа верзија на идното лого.

Kia на крајот на минатиот месец поднела ново лого кај корејската служба за заштита на авторски права. Новото лого е изведено со минималистички дизајн, па дури и црвената елипса околу името на марката повеќе не постои. Трите букви преоѓаат една во друга и во дел се изобличени заради симетрија. Во формата во којашто е пријавено за регистрација, логото не користи ниту сенки или други тридимензионални ефекти.

Познавачите на марката ќе се сетат дека студијата Imagine by Kia од салонот во Женева пролетоска имаше различно лого од постоечкото. Буквите во тоа лого сепак беа повеќе оддалечени отколку во новото лого што чека регистрација.

Засега постојат само гласини и претпоставки околу логото на корејската марка. Можно е логото да се користи само за моделите со електрифицирана погонска спрега, односно за плагин-хибридите и за електричните модели, за да се воспостави разлика во споредба со моделите со класичен мотор.

https://photos.app.goo.gl/FTYHyyxYxinEx3ZVA

Претходна објаваBMW произведе 20.000 примероци од „суперхибридниот“ i8
Следна објаваНикој не се сомневаше: Tesla е најголем производител на електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here