BMW произведе 20.000 примероци од „суперхибридниот“ i8

BMW i8 20k proizvodstvo
BMW i8 20k proizvodstvo

Спортскиот двосед на BMW што забрзува под пет секунди до темпо сто, но и минува 50 километри на струја, достигна 20.000 произведени примероци. Покрај плагин-хибридниот погон, BMW i8 е посебен и по карбонската школка, но и по одржливоста во производствениот процес.

Од фабриката на BMW во Лајпцих излезе 20.000-от примерок од BMW i8. Славеничкиот примерок е во родстер-изведбата и дел е од серијата Ultimate Sophisto Edition, којашто е ограничена на 200 примероци. Двоседот со каросерија лакирана во софисто сива боја со брилијантен ефект е нарачано од клиент во Германија. Најуспешниот спортски автомобил со плагин хибриден погон се произведува во Лајпцих од 2014 година.

Вториот модел на специјализираната подмарка BMW i, покрај i3, претставува врв на инженерската умешност. Школката е изработена од полимери зајакнати со карбон, додека моторот и електроомоторот, батеријата и подвозјето се прицврстени на алуминиумска рамка. Надворешните панели се од термопласт, вратите се во комбинација од карбон-полимер и алуминиум, а носачот на арматурната табла е од магнезиумска легура. Во комбинација со беспрекорна аеродинамичност и плагин хибриден погон се постигнува возачко доживување својствено за BMW, при исклучително ниска потрошувачка.

Родстерот е дел од серијата од 200 возила коишто ќе го одбележат завршетокот на производството на спортскиот плагин-хибрид на BMW во април следната година

Струјата за производство на автомобилите од електро-подмарката BMW i потекнува од четирите ветерници во фабричкиот круг. При изработката на композитната школка на BMW i8 исто така се користат процеси со оптимална енергетска потрошувачка. Карбонските влакна исто така се произведуваат со струја од енергија на водна маса во езерото Моузес во американската сојузна држава Вашингтон.

https://www.instagram.com/p/B50T58pgVzQ/

Претходна објаваПлагин хибридот на Mitsubishi најдобар избор на користено според DrivingElectric
Следна објаваKia подготвува ново лого и личи на кирилично „КИ“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here