Дали сакате Rolls-Royce да ви извезе гоблен во автомобилот?

Rolls-Royce Rose Phantom
Rolls-Royce Rose Phantom

Бизнисмен од Стокхолм со голема љубов кон цвеќето и со две од четири деца крстени по вид цвеќе, нарачал специјалното одделение на Rolls-Royce да му изработи автомобил што најверно ќе асоцира на цвеќе. Секако дека традиционалниот специјалист за исполнување желби од Гудвуд вистински излезе во пресрет на барањата на шведскиот богаташ.

Дизајнерите, мајсторите на својот занает и инженерите во Rolls-Royce имаа посебен предизвик во изминатиов период. Шведски бизнисмен побара британската луксузна марка да му изработи автомобил што ќе воспостави најверна врска со светот на цвеќето. Експертите во Гудвуд одговорија на барањето: Со гоблени, кои вкупно имаат повеќе од еден милион бодови.

Јуан Хетрол, еден од главните дизајнери во специјалното одделение на Rolls-Royce се инспирираше од градината со рози во Гудвуд, во седиштето на марката. Тоа е единственото место во светот кадешто расте фантом-розата, посебно развиена од извесен Филип Харкнес, од компанијата Harkness Roses, по нарачка на автомобилската куќа.

https://photos.app.goo.gl/GayjkqesmJdBHsrBA

Нарачаниот Phantom од Швеѓанецот соодветно е именуван во Rose Phantom. Розите буквално растат по целата кабина на скапоцениот автомобил по посебна нарачка – во форма на гоблени. Нив ги има на задните врати, на таванот, напред на арматурната табла. Посебен ефект се постигнува со тоа што во одредени делови од таванот се поставени оптички влакна, чијшто завршетоци светат во соодветна боја.

Секако дека сите бои и материјали во кабината се изведени во согласност со цветните гоблени и проследено со посебна приказна. Сопственикот побарал во ентериерот да има и паун и адонис сини пеперутки. Неговата сопруга ги дизајнирана чадорите, додека ќерката Магнолија избрала каква да биде бојата на каросеријата на Rolls-Royce Phantom.

https://photos.app.goo.gl/agAv3QRAwdPTJSEA7

https://photos.app.goo.gl/BZgRae5AaDiYqVUY6

https://photos.app.goo.gl/tSkqyB5FN32iR9BX6

https://photos.app.goo.gl/Ur42vQbEfpCVeeWPA

 

 

 

Претходна објаваРекордно растојание со погон на водород: 778 километри со едно полнење
Следна објаваЕлектрични такси-комбиња ќе возат во Џакарта и Бали

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here