Рекордно растојание со погон на водород: 778 километри со едно полнење

Hyndai Nexo rekord vodorod
Hyndai Nexo rekord vodorod

Сцената несомнено им припаѓа на електричните автомобили, но и меѓу нив се разликуваат два основни вида: Батериски и водородни. Разликата е голема, кај вториве не се чека батеријата да се наполни, туку место тоа се полни водород во резервоарот. И досегот е поголем.

Францускиот пилот и астронаут Бертран Пикар постави нов светски рекорд за најдолго растојание поминато со возило со погон на водород. Овојпат не станува збор за Toyota Mirai, туку за Hyundai Nexo, уште еден автомобил од оваа категорија на електрични автомобили. Пикар со корејскиот автомобил извозе 778 километри со еден резервоар. Извозената рута беше меѓу станицата за точење водород во Сарегуемин во регионот Мозел, Франција, до Музејот на астронаутиката во Ле Бурже, североисточно од Париз. Според патниот компјутер, во резервоарот преостанало водород за уште 49 километри.

Бертран е познат по тоа што прв го обиколи светот во балон, а потоа и во соларно возило. При рекордерското возење на Hyndai Nexo, тој покани видни личности на совозачкото седиште: Принц Алберт од Монако, Големиот Војвода Анри од Луксембург и Бруно Ле Мер, француски министер за стопанство и финансии.

Со новиот потфат на Пикар се докажа применливоста на погонот на водород во секојдневието

Hyundai Nexo се произведува од 2018 година, со водороден погон од втора генерација на корејскиот производител. Потрошувачката на водород според фабрика изнесува 0,84 килограм на сто километри. Нема емисија на штетни материи, од „издувната“ цевка само капе чиста вода.

https://photos.app.goo.gl/Y1kWDALF6BJn4ogo7

СУВ-моделот поседува електромотор со моќност од 163 КС и според новата норма WLTP минува 756 километри со едно полнење. Тоа е воедно и најголемата предност на водородниот погон, времетраењето за резервоарот да се наполни со гориво изнесува само околу пет минути. Но, во исто време, тоа е најголема слабост на погонот. Во светот не постојат ниту илјада станици за точење водород, од кои половината не се достапни јавно. Покрај тоа, добивањето чист водород во индустриски размери уште е прескапо и неприфатливо од аспект на енергијата што е потребна за процесот.

https://www.instagram.com/p/B5N5y60pgtG/

Претходна објаваВо Канада леташе првиот патнички авион на струја
Следна објаваДали сакате Rolls-Royce да ви извезе гоблен во автомобилот?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here