Овој четирицикл со електро-помош влегува во производство в година

schaeffler bio hibrid
schaeffler bio hibrid

Добавувачот на автомобилските производители Schaeffler веќе е во напредна фаза со испробувањето на својот Био-Хибрид по велосипедските патеки и улици низ Германија. Протипите на четирициклот со електромотор што го олеснува вртењето на педалите располагаат со сите функции на возилата што ќе започнат да се произведуваат сериски кон крајот на 2020 година.

При пробните возења се оценуваат различните можности за примена на патничката и на товарната изведба, во услови на градски сообраќај и во затворени подрачја. Се предвидува возилата да се користат во логистиката, доставата на пратки, транспорт на материјали, фабричко обезбедување и во кетерингот.

Патничката изведба поседува две седишта, додека товарната изведба има куфер-надградба или отворена товарна платформа и носивост од 200 килограми. Иако Био-Хибрид поседува четири тркала и тежи околу 100 килограми, спаѓа во категоријата на велосипеди со помош од електромотор. Возилото е широко 90 сантиметри и долго 2,18 метри во патничката, односно 2,6 метри во товарната изведба. Крајната брзина изнесува 25 km/h. Електромоторот со моќност од 250 вати асистира околу педесетина километри.

https://photos.app.goo.gl/A96r8BuNYmjh4ggEA

https://photos.app.goo.gl/2peDbpR1Bhkz7DC29

 

 

 

Претходна објаваMitsubishi L200: Цврст како Pajero, удобен како Galant
Следна објаваАвтомобилите Tesla за малку можело да добијат друго име

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here