Во време кога сцената се раздвижува околу новите Clio и Captur, француската марка не го запоставува врвот во својата понуда. Renault Espace, некогаш ван, денес кросовер, доби систем за полуавтоматско возење, матрични диодни светла и нова маска.
Renault Espace влегува во новото моделско годиште со плус неколку системи за асистенција, меѓу кои систем за полуавтоматско возење и самостојно запирање и поаѓање во колона, како и нов инфо-забавен систем со пристап на интернет Easy Link. Важен новитет се и диодните матрични светла, кои Renault ги вградува првпат и кои автоматски го приспособуваат снопот според ситуацијата.
Новиот Espace се препознава однадвор по преработениот преден браник, со промени во отворите за воздух и хромирана лајсна што оди по целата ширина на возилото. Промени има и во задната заштитна облога за подвозјето.
https://photos.app.goo.gl/XTmdfWhSbX4jSbRE6
Меѓу системите за асистенција се нуди и предупредување при излегување наназад, автоматско паркирање што го презема и додавањето гас и запирањето, систем за самостојно запирање со препознавање пешак и со систем за следење лента.
https://photos.app.goo.gl/QBYcqsU6JFQRUeGd8
Вчитувањето на новите карти и на софтверот за навигацијата сега се врши преку интернет, како кај паметен телефон. Со новиот дисплеј од 9,3 инчи беа потребни и промени во средишната конзола. Во неа сега се наоѓа и затворена преграда, како и можност за безжично полнење. Прекинувачите за климата исто така се нови.
https://photos.app.goo.gl/debs1gvcfYwD68RAA
Во повисоките нивоа на опрема работат дигитални инструменти со пречник од 10,2 инчи, вклучувајќи навигација со тридимензионален приказ. Озвучувањето од традиционалниот партнер Bose сега користи посилни звучници и нуди пет програми за избор на звукот.
https://www.instagram.com/p/B5SufC1iSUQ/
Најоригиналниот француски автомобил денес – што е подобар од СУВ
















