Volkswagen T2 во размер 1:18 и во серија од 1.000 примероци

Volkswagen T2a Camper Schuco
Volkswagen T2a Camper Schuco

Познатото име на сцената на модели на возила Schuco му посвети специјална серија ограничена на 1.000 примероци на Volkswagen T2. Втората генерација на транспортерот е мошне барана и соодветно е ценета меѓу љубителите на олдтајмери, па тој култ се пренесува и на неговите примероци што се изработуваат во размер.

Schuco ја избра изведбата за кампување на VW T2 и истата ја изработи во размер 1:18. Вратите и капаците се отвораат, а посебност е тоа што се подигнува и покривот, со што кај вистинскиот транспортер се обезбедува дополнителен простор во кабината.

Боксер моторот од 1,6 литар и моќност од 47 КС е изведен верно на оригиналот. Внимание на деталите е посветено и во внатрешноста, кадешто дури се додадени и завеси на прозорците. VW T2a Camper е лакиран во комбинација од нептун сина и бела боја. Напред е резервното тркало, како заштитен знак на серијата. Цената за лимитираниот модел со детална изработка на веб-страницата на производителот изнесува 140 евра.

https://photos.app.goo.gl/1THtRvZi1aFpu4TF8

https://www.instagram.com/p/B2W4-y6Iduc/

Како Британците пропуштија да ја присвојат „бубата“ на Volkswagen

Претходна објаваMitsubishi Model A во галеријата на славните јапонски автомобили
Следна објаваВо новата населба во Берлин ќе (се) вози само Toyota

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here