Бројот на електрични возила во светот надмина седум милиони примероци. Главни пазари се Кина, Европа, САД и Јапонија, на кои отпаѓаат 96% од продажбата. Уделот во вкупната продажба на возила исто така надмина два проценти.
Наглото опаѓање на цената на батериите, заедно со државните политики за потпомагање на продажбата и подобрување на квалитетот на воздухот, придонесе за големиот пораст во продажбата на електрични возила во светски рамки. Продажбата главно се концентрира во неколку светски метрополи. Во 2017 година, на 25 градови ширум светот отпаѓале дури 44 проценти од светскиот возен парк од електрични возила.
Овие 25 градови важат за метрополи на електричните возила:
- Шангај, Пекинг, Шенжен, Ханжу, Тјанџин, Гуанжу, Чингдао, Женгжу, Чангша, Веифан, Нанчанг, Чонкинг и Вухан (Кина)
- Токио (Јапонија)
- Осло, Берген (Норвешка)
- Париз (Франција)
- Лондон (Велика Британија)
- Амстердам (Холандија)
- Стокхолм (Шведска)
- Лос Анџелес, Сан Француско, Сан Хозе, Њујорк и Сан Диего (САД)
https://photos.app.goo.gl/5nztsoy2MWTx4NWS9
Шангај го задржува насловот на светски првак според вкупниот број на регистрирани електрични автомобили, со 242.000 примероци во 2018 година. Последниот од 25-те светски метрополи на електричниот погон има повеќе 34.000 возила на струја. Во поглед на уделот на „батериските“ и плагин-хибридните електрични автомобили, Шангај повторно води, со 218.000 возила кои за погон користат само струја.
Удел на електрични возила (батериски и плагин-хибриди) во вкупниот број новорегистрирани возила во 11-те водечки градови во светот, во периодот меѓу 2015 и 2018 година
https://photos.app.goo.gl/q6ro7JBTqkZqd2k5A
https://photos.app.goo.gl/7YRaZhH2KyCUcK4T6
Ситуацијата е различна кога се зема во предвид уделот на електричните возила (батериски и плагон-хибриди) во вкупната продажба во овие 25 метрополи. Во Осло и Берген се регистрира многу повисок обем на електрични возила отколку на останатите пазари, со 61, односно 64 проценти од вкупниот број нови возила. Во цела Норвешка, возилата на струја учествувале со 49% во вкупната продажба на возила во 2018 година.
Оделно учество на батериските и плагин-хибридните електрични автомобили и нивниот заеднички удел во вкупниот број новорегистрирани возила во 11-те водечки градови во 2018 година
https://photos.app.goo.gl/vuyAD5heUfUfACjt5
https://photos.app.goo.gl/vbjngWCXN4T6RoiX7
Проширувањето на мрежата од јавни полначи за струја има клучно влијание за напредокот во електромобилноста – иако повеќето корисници ја полнат батеријата дома
Кина, особено градовите Шангај, Пекинг и Шенжен, имаат неспоредливо повеќе јавни полначи за струја од останатите метрополи на електричниот погон. Само Шенжен, со 60.000 јавно достапни полначи, има повеќе можности за полнење отколку 11-те електро метрополи во Европа и во САД заедно. Дури и кога бројот на полначи ќе се спореди со бројот на населението, Шенжен повторно е во предност, со повеќе од 4.000 полначи на милион жители. Тоа е двојно повеќе отколку во Осло, Амстердам или Берген.
Вкупно поставени полначи, број на полначи по 1 милион жители и број на возила по 1 полнач
https://photos.app.goo.gl/toy849iiBT4cmbtn9
Уште еден аспект за електромобилноста е бројот на возила по полнач. Повеќето градови во Кина, како и Амстердам и Лондон, имаат осум или помалку возила на еден полнач. Во Шенжен, има само три возила на секој еден поставен полнач во градот. За споредба, водечките градови во Калифорнија имаат сооднос од 40 возила по полнач. Тоа сепак укажува дека во богатата сојузна држава е голем бројот на домашни полначи за струја.
Настрана од продажбата на класични хибриди, кои и натаму имаат неколкукратно повисока продажба и контиуниран раст, се јавува тренд на преоѓање од плагин-хибридни возила на чисто електрични возила во повеќето од овие 25 е-градови. Во последните години постојано расте уделот на „батериски“ патнички автомобили во светски рамки, од 63% во 2016, на 65% во 2017, до 69% во 2018 година.
Продажбата на плагин хибридите опаѓа во корист на „батериските“ електрични автомобили; Хибридите и натаму се продаваат неколкукратно повеќе и го задржуваат растот
Во повеќето градови е изразен трендот на преоѓање на погон само на струја. Во Амстердам се продаваа значително повеќе плагин-хибриди, сé додека властите не ги укинаа субвенциите за воие возила, откако утврдија дека возачите воопшто не ги користат полначите, туку се решаваат за овие возила само поради повластената цена. Денес, батериските автомобили надвладуваат. Во Кина исто така продажбата главно се сведува на погон само на струја. Наспроти тоа, во Лондон и Шангај (со две третини од вкупните регистрации на електрични автомобили), како и во Стокхолм (околу 85%), пазарот и натаму се ориентира на плагин-хибридите.
Во светската статистика сепак се покажува дека најголемите 10 градови според бројот на регистрирани електрични возила имаат помал удел во вкупната продажба на електромобили во светот отколку пред пет години. Тоа е резултат од општиот раст на продажбата во светски рамки, односно прифаќањето на електричниот погон во нови региони.
Lexus UX е добар кросовер, заслужи прв да вози на струја за марката
Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин
















