Седумседот на база на Toyota Prius е службен автомобил за 2019 според Auto Bild

toyota prius van sluzben auto
toyota prius van sluzben auto

Toyota Prius+ во изведба за такси-превоз e избран за најдобар службен автомобил за 2019 година од германскиот магазин Auto Bild. Ванот со седум седишта и хибриден погон, победи во специјалната категорија во којашто првпат гласаше редакцијата на магазинот.

Изведбата со седум седишта на Toyota Prius e меѓу победниците во изборот за најдобар службен автомобил во Германија за 2019 година, во организација на магазинот Auto Bild. Конкретно, верзијата за такси превоз беше избрана од познатиот магазин, чијашто редакција годинава првпат гласаше во специјалната категорија за најиновативен модел во функција како службен автомобил.

Во земјата веќе 15 проценти од такси компаниите користат возила со алтернативен погон. Изборот за возниот парк најчесто паѓа на хибридните модели, односно на Toyota Prius. Корисниците исто така зачестено бараат услуги од такси компаниите што користат возила кои помалку ѝ наштетуваат на животната средина.

https://photos.app.goo.gl/i7Fu5yxRnMhKycgv5

Предностите на хибридниот погон при користење во такси-службата се очигледни. Комбинацијата од бензински мотор и електромотор постигнува најголема заштеда во услови на градско возење. Покрај тоа, Toyota Prius+, исто како и останатите хибридни модели од јапонската марка, при возење само на струја не испуштаат штетни материи и возат тивко.

Хибридниот погон во Toyota Prius+ дополнително ги покажува предностите во услови на градско возење, со често запирање и поаѓање

Со честото запирање во услови на градско возење се постигнува и поинтензивно претворање на кинетичката енергија при сопирањето во електрична енергија. Батеријата се дополнува при секое сопирање и отпуштање на гасот. Со системска моќност од 136 КС, седумседот Toyota Prius+ нема ограничувања ниту во поглед на возната динамика.

https://photos.app.goo.gl/qz1ExpJp3LuA584q6

Toyota испорачува посебни варијанти од Prius+, Camry, RAV4 и Corolla со хибриден погон, кои се приспособени за такси-служба или како возило на директен повик.

Читателите на Auto Bild вторпат гласаа за најдобар службен автомобил во Германија, во седум категории. Редакцијата на магазинот посебно гласаше за најиновативниот автомобил во оваа конкуренција и годинава ја избра Toyota Prius+ Taxi.

Победници по одделните категории во избор на читателите на Auto Bild

  • Градски автомобили: Opel Corsa (германска марка), Skoda Fabia (увозна марка)
  • Компакти: Mercedes A-Class (германска марка), Skoda Octavia (увозна марка)
  • Средна класа. Volkswagen Passat (германска марка), Skoda Superb (увозна марка)
  • СУВ: Mercedes GLC (германска марка), Skoda Karoq (увозна марка)
  • Транспортери: Volkswagen Transporter (германска марка), Peugeot Expert (увозна марка)
  • Луксузни автомобили: Audi A6 (германска марка)
  • Електрични и плагин-хибридни модели: Tesla Model 3 (увозна марка)

Тест: Toyota Corolla 1.8 Hybrid Executive Plus

Претходна објаваHonda Jazz не ја задржа мистеријата, слики се појавија пред премиерата
Следна објаваMercedes првпат ги прикажува автомобилите од „Светите хали“ во книга

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here