Мали се шансите за новите модели денес да доживеат премиера на салон, без фотографиите да се појават претходно на интернет. Додека изгледаше дека конечниот изглед на Honda Jazz ќе остане во тајност до премиерата на салонот во Токио, само неколку денови претходно и нејзините фотографии се појавија на мрежата.
Четвртата генерација на Honda Jazz ќе има светска премиера на салонот во Токио (од 24-ти октомври до 4-ти ноември). Меѓутоа ниту Honda не успеа да ја задржи неизвесноста околу изгледот на новиот модел, па фотографии се појавија на само неколку денови пред премиерата.
Тоа што на таблата напред пишува Fit не треба да буни, затоа што тоа е името на моделот за јапонскиот и американскиот пазар. Во поглед на концептот, Јапонците нема потреба да менуваат ништо, Jazz е синоним за приспособливост и практичност во класата на градските автомобили. Просторната кабина е уште една одлика на моделот кој е високо ценет и меѓу европските возачи.

Новитетот ќе биде тоа што Honda ќе го нуди Jazz на европскиот пазар исклучиво во изведба со хибриден погон. Тоа е важна промена, затоа што изведбата со хибриден погон од претходната генерација воопшто не беше во понуда во Европа.
















