Audi произведе даска за сурфање од пластичен отпад

Audi произведе даска за сурфање од пластичен отпад
Audi произведе даска за сурфање од пластичен отпад

Фондацијата на Audi за заштита на животната средина учествуваше во изработката на таканаречен сап-борд, односно „Stand-up-Paddling-Board“, со користење пластичен отпад. Тоа беше дел од акцијата во германскиот град Хајлброн, во насока на зачувување на природната средина на реката Некар.

Ученици имаа чест да го демонстрираат користењето на бордот од собраниот пластичен отпад по течението на реката. Акцијата ја подржа Министерството за животна средина на германската покраина Баден-Виртемберг.

Гимназијалците од Ели-Хојс-Кнап во градот Хајлброн собираа пластичен отпад од реката Некар. Специјализираниот производител за сноу и лонг-борд Pogo, од градот Ловенштајн, го искористи материјалот за изработка на сап-бордот.

Audi го финансираше проектот, исто како и голем дел од целата организација. Сап-бордот ќе се користи редовно во следното лето, во промотивни цели за заштита на животната средина.

Audi поставува пластични острови во Ротердам

Претходна објаваAbarth испечати поштенска марка за 70-годишнината
Следна објаваPeugeot ги објави цените за своите хибриди: 50.000 евра за 3008 Hybrid4

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here