Mercedes е најпродавана премиум марка во првото полугодие

Mercedes GLC 2019 premium lider
Mercedes GLC 2019 premium lider

Со резултатите од првото полугодие, Mercedes ја потврди својата позиција на најпродавана премиум марка во светски рамки. Продажбата е намалена за 4,6 проценти во споредба со истиот период лани, но тоа е општ тренд во целата бранша, поради воведувањето на новите норми за потрошувачка и емисија WLTP. Поради долготрајната постапка на хомологирање, повеќе модели беа недостапни во салоните на Mercedes. Дополнително се случуваа смени со нови генерации кај повеќе СУВ-модели. Тоа сега е надминато и во втората половина се очекува натамошен раст.

До јуни, Mercedes испорачал 1.134.729 автомобили. Продажбата напредува најмногу во семејството модели во компакт класата, кадешто во меѓувреме пристигнаа лимузинската изведба на A-Class, ванот B-Class и купе-лимузината CLA.

Mercedes во првото полугодие го задржа лидерството во премиум сегментот во Германија, Велика Британија, Франција, Швајцарија, Португалија, Шведска, Данска, Финска, Чешка, Луксембург, Грција, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија и Канада.

За претстојниот квартал се очекува најголем поттик од новите СУВ-модели, особено од GLC и од неговата купе изведба. Овој модел повеќе години беше најпродаван во понудата на Mercedes. Новото моделско годиште веќе стартуваше со продажба, опремено со нова генерација системи за асистенција, како и со веќе задолжителниот концепт на ракување MBUX.

Рекордни продажби во првото полугодие се постигнати во Франција, Шпанија, Полска и Данска; Меѓу моделите, најмногу напредува CLA Coupe, модел дизајниран од Славче Таневски, со раст од 67%

Од моделите во компакт класата до јуни се продале 313.000 примероци (+4.2%). Во минатиот месец имаше голем раст во продажбата на A-Class, со +47%, но уште повеќе напредува купе-лимузината CLA, со +67% раст во вториот месец по пазарниот старт, во споредба со ланскиот јуни. CLA е модел дизајниран од Славче Таневски, исто како и комби-купето CLA Shooting Brake, премиерно прикажан пролетоска на салонот во Женева.

https://photos.app.goo.gl/cmJqYoJdvMMzMF7w6

За половина година, C-Class постигнала повеќе од 206.000 продажби (-1,8%). По сегменти, СУВ-моделите се најпродвани, со 367.000 примероци од GLA, GLC, GLC Coupé, GLE, GLE Coupé, GLS и G-Class. Тоа е за 13% послабо од лани, но е резултат од замените со нови моделски генерации. Во својата 40-та година, G-Class има дури и рекорд во првото полугодие, со двојно зголемена продажба.

Продажба на Mercedes-Benz Cars во првото полугодие 19

Јуни
Тренд во %
До јуни
Тренд во %

Mercedes-Benz

196,230

-3.7

1,134,729

-4.6

Smart

10,231

-22.5

60,318

-8.1

Mercedes-Benz Cars

206,461

-4.8

1,195,047

-4.7

Mercedes-Benz продажба по региони

Европа

79,892

-3.5

457,595

-4.0

Германија

24,033

-6.2

147,351

-2.7

Азија/Пацифик

81,439

-3.7

478,254

-3.1

Кина

57,018

+0.1

344,657

+1.3

НАФТА

30,808

-4.1

174,409

-8.8

САД

26,196

0.0

147,396

-7.2

Mercedes GLE или автомобилот што е подобар од реалноста

Претходна објаваVolkswagen ќе пуштa возила на повик за ЕУРО 2020
Следна објаваДевојките со Harley-Davidson сакаат само да се забавуваат

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here